Исфрлете ги слатките и соковите само 21 ден: Јанка Будимир ги откри клучните чекори за слабеење

Фитнес инструкторката Јанка Будимир ги открива клучните чекори за слабеење

Доколку имате проблем со слабеењето и не можете да се ослободите од вишокот килограми, познатата српска фитнес инструкторка и инфлуенсерка Јанка Будимир која неодамна беше преубава невеста, има предлог кој сигурно ќе ви биде од голема корист.

Имено, Јанка Будимир на својот Инстаграм профил сподели видео во кое дава кратки совети како со малку волја и труд да ослабете на здрав начин.

View this post on Instagram

A post shared by  (@attractive__fitnes__lady)


Кога на прашањето „како да ослабам?" го добивате одговорот „калориски дефицит“, а не сакате да знаете ништо за калориите, а сепак сакате да ослабете...

Ајде, 3 недели, тоа е само 21 ден од твојот живот, повторувај го тоа што го кажав во видеото, започна Јанка, која ги сподели предлозите:

1. Секој, но СЕКОЈ ден 7-10K чекори

2. 3 тренинзи со тегови неделно

3. Протеини и зеленчук во секој оброк, додадете малку житарки, овошје...

4. Исфрлете сокови, грицки, слатки САМО НА 21 ДЕН

View this post on Instagram

A post shared by  (@leommi_official)


Јанка секогаш се води според следниве правила кога е во прашање исхраната:

- Секој оброк треба да содржи протеини

- Најмалку 1 оброк треба да има јаглехидрати (имам 3 + 2 порции овошје денес)

- Најмалку 2 оброци треба да содржат некои извори на маснотии (имам во 3 оброци денес)

- Оброците треба да содржат влакна, витамини и минерали од зеленчукот


Извор: stil.kurir.rs