Се омажи српската кралица на фитнесот, а за нејзината венчаница зборуваат сите: Толку едноставна, а толку совршена (ФОТО)
Познатата српска инфлуенсерка и фитнес инструкторка Јанка Будимир застана на лудиот камен, а на Инстаграм сподели неколку фотки и кратко видео кое откри неколку детали од нејзината прекрасна венчавка.
Јанка, позната и како кралица на фитнесот на социјалните мрежи, може да се пофали со извајана, одлична фигура, па практично се' и стои добро, но секако избрала венчаница која на најдобар начин ја истакнала нејзината фигура и убавина.
Оваа бринета блесна во едноставна, а моќна снежно бела венчаница која ја следи линијата на телото, откривајќи ги рамениците и истакнувајќи ги градите. Посебно интересен детаљ се блескавите цветови од циркони кои го красат горниот дел од фустанот – толку ефективни и заводливи!
Прекрасната венчаница, Јанка ја комплетираше со дискретни обетки и долг бел превез и бидермаер од бели рози. Косата ја собра во висока, елегантна пунџа и се одлучи за нежна, женствена шминка.
Нејзина кума беше српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ која исто така блескаше за овој посебен ден на Јанка.
Елегантно и одмерено, а сепак феноменално, нели?
извор:zena.blicСтил на денот: Дуња Јованиќ во фармерките што мора да ги имате оваа сезона