Јајца од вулкан се најлесна техника за вапцување: Идеја како да постигнете фантастичен ефект (ВИДЕО)
Како да се изведе овој фантастичен ефект?
Во овој период од годината, по правило, идеи за боење јајца ни доаѓаат од целиот свет. Но, веројатно не сте слушнале за велигденски јајца од вулкан.
Станува збор за техника која моментално е многу популарна на социјалните мрежи, а ветува одличен резултат.
Како што вели авторката на видеото на Инстаграм, јајцата ги именувала така поради процесот на нивното создавање.
На претходно сварените јајца ставете бои за колачи, а потоа посипете со сода бикарбона и сето тоа прелијте го со алкохолен оцет.
Овој процес ќе предизвика боите да еруптираат и да се мешаат, што ќе резултира со велигденски јајца со најсовршени нијанси.
Предностите на оваа техника се тоа што можете да насликате многу јајца одеднаш и секое ќе биде различно.
И она што е најважно - во целиот процес можете да ги вклучите децата кои ќе бидат фасцинирани од оваа игра и конечниот резултат.
FOTO: Instagram printscreen