Здравје // Рецепти
Искусна домаќинка открива како се прави најубавата проја! Совети злато вредни (РЕЦЕПТ)
Наместо да купувате проја од пекара, секогаш е подобро да направите домашна која ќе биде повкусна.
Ви требаат:
-2 чаши пченкарно брашно
-1 чаша бело брашно
-50 мл маслиново масло
-200 мл јогурт
-1 лажица кисела павлака
-3 јајца
-150 гр сирење
-сол
-300 мл кисела вода
Подготовка:
Јајцата се матат со жица, се додаваат сирењето и јогуртот и малку павлака, маслото, солта ако не е солен кашкавалот, пецивото со пченкарното и белото брашното и сѐ се меша со кисела вода.
Тестото мора да биде ретко, малку погусто отколку за палачинки. Плехот обложете го со хартија за печење, па истурете го тестото.
Рерната мора да се загрее на 220 степени. Ставете ја пројата да се пече, додека не порумени убаво, околу 40 минути
Фото: Принтскрин јутјуб
*Пр објава