Исповед на Сандра која имала 14 вонтелесни оплодувања: Нејзината битка за потомството траела цели 14 години

На србинката Сандра Јовановиќ и требаа 14 години да го добие своето прво дете.

-Тоа е најголемата желба и подарок што можевме да ја добиеме за Нова година. По 13 обиди и ова е 14-ти обид за ин витро оплодување. Во текот на целата бременост се плашев дека се ќе биде во ред до крај, бидејќи и после 10-то ин витро, имав еден спонтан абортус. Тогаш стравовите беа уште поголеми. Поради тоа од страв задржав се за себе и на 15 декември се роди Љубица. Со оглед на тоа што го добивме после 14 години, би рекла дека ова е голем успех за мене и мојот сопруг. Мислам дека ваквата приказна и ова долго патување до детето треба да биде мотив за луѓето да не се откажуваат во борбите за да добијат бебе. Чудата се можни и се додека имаат храброст и секако и реални можности да не се откажат од своите соништа и желби - изјави таа сосема искрено во емисијата Пулс на Србија на ТВ Курир.

Со оглед на тоа што на желбата да станат родители и да имаат деца посветиле цели 14 години, Сандра вели дека тоа било огромен успех за неа, но и за нејзиниот сопруг кој подеднакво се надевал.

- Сè додека не забремените, сè што ви кажуваат луѓето е „ќе видите, ќе почувствувате“ и слично, сето тоа ви изгледа предалеку. Тогаш кога навистина ќе се случи да го држите бебето во раце, само заборавете на се што се случило пред самиот чин. Да не беше мојот сопруг, веројатно би се откажала по шестиот или седмиот обид - објаснила Сандра.

Жена како Сандра, на пат кон остварување на својот сон, поминува низ разни тобогани на чувства, почнувајќи од тие страшни, блокирачки стравови, преиспитувања, па се до голема возбуда.

- Како и многу други мајки кои ја водат истата борба, поминав низ слични чувства и преиспитувања. "По секое неуспешно оплодување се прашуваш: зошто јас? Но, само треба да најдеш сила да продолжиш понатаму. Мотивот не го најдов само во љубовта што ми ја пружи мојот сопруг, туку и во целата приказна со здружението каде бев окружена со луѓе кои имаат проблем со зачнувањето. Без нивните приказни, мислам дека едвај би можела да го протуркам сето ова“, изјави таа сосема искрено за ТВ Курир.

Принтскрин / Youtube