ИСТОРИСКИ ИЗБОР: Катриона од Филипини е новата Мис Универзум

Добивај вести на Viber

Катриона Греј, 24-годишната убавица од Филипини, е новата Мис Универзум. На изборот што се одржа во Бангкок, Тајланд, првпат во 67-годишната историја на ова престижно натпреварување одлуката за најубавата девојка ја донесе исклучиво женско жири составено од поранешни победнички на Мис Универзум.

Во конкуренција на претставнички од 94 земји, Греј уште од почетокот важеше за фаворит, со оглед на популарноста која ја ужива на социјалните мрежи. Само на Инстаграм има преку 1,2 милиони следачи.

- Мис Универзум е фантастична платформа. Сите ние сме еманципирани жени, но клучното прашање е како тоа да им го пренесеме на другите - им изјави на новинарите Катриона која студирала музикологија во САД.

Новата победничка е ангажирана во неколку невладини организации кои работат на превенција од сида.

Годинава на изборот првпат учествуваше и трансродова натпреварувачка, убавицата на Шпанија Анхела Понсе. Во видеопораката таа нагласи дека допатувала во Тајланд да „биде своја“, а не да победи на изборот.

Анхела Понсе