Избришете ги брчките на лицето со фасцијална јога
Првите знаци кои ја одредуваат староста се наоѓаат токму на вашето лице и врат. Стресот и секојдневните проблеми се „таложат“ на овие делови, па затоа обидете се со помош на јога вежби за лице да ги ослободите овие напрегања кои ви создаваат брчки на вашето лице и врат. На лицето се наоѓаат вкупно 52 мускули, од кои поголемиот дел многу ретко ги користиме во секојдневието. Па така движејќи ги овие мускули со помош на јога вежбите ќе ја ослободите тензијата на вратот, очите и целото лице. Освен што ќе ја намалите тензијата, ќе ги намалите отоците на вашето лице, со што видливо ќе го намалите, а тоа ќе направи да изгледате помладо и посвежо. Доколку ова ви звучи примамливо пробајте од само неколкуте основни вежби за лице и следете ги резултатите.
Поглед кон таванот или бакнеж со жирафа
Самата вежба ја кажува позицијата на вашиот врат,кренете ја главата нагоре со усните собрани за бакнеж. Задржете се неколку секунди во оваа позиција, а потоа вратете се во нормаллна позиција. Повторете ја оваа вежба најмалку 5 пати. Ова ќе ви помогне да го намалите подбрадокот и да ја зацврстите линијата на вилицата.
Надувани образи
Соберете воздух во устата со што ќе ги надувате образите колку што можете. Потоа движете го воздухот од еден во друг образ, најмалку 5 пати, а потоа полека испуштете го воздухот низ уста стегната во изговор на буквата О. Оваа вежба ќе ви помогне да ги зацврстите вашите образи.
Исплазен јазик
Звучи смешно, но држејќи го исплазен јазикот надвор за само една минута во 3 повторувања дневно. Ќе го почувствувате вашето лице позатегнато и со помалку бори во многу брз рок.
Лице на риба
Соберете ги усните како риба, со што ќе ги вовлечете образите одвнатре и ќе притиснете во просторот меѓу горните и долните заби. Држете го лицето во оваа положба неколку секунди, а потоа повторете ја неколку пати. Со оваа вежба ќе ги оформите вашите усни и образи.
Искривен врат
Самата вежба ви ја покажува позицијата на вашиот врат, искривете се на едната страна,задржете неколку секунди, а потоа на другата страна. Повторете ова на сите четири страни по неколку пати и оваа вежба ќе ви помогне да го затегнете вашиот врат, да го намалите подбрадокот, а во најбрз случај да ја ослободите тензијата во вратот.
Изненадено лице
Отворете ги очите широко, благо поткренете ги веѓите, со што ќе направите изненаден израз на лицето. Задржете се во оваа положба неколку секунди, а потоа вратете се во нормална позиција.Оваа вежба ќе ви помогне да го затегнете пределот околу очите и челото.
Допри го носот
Пробајте со јазикот да посегнете кон носот и задржете се во оваа позиција неколку секунди. Звучи и изгледа смешно, но ова ќе ви помогне да го намалите подбрадокот и да ја оформите линијата на вилицата.
За Женски Магазин, Ана Јордановска