Изложба „Во потрага по несовршената убавина“ на уметницата Десислава Минчева

Вечерва со почеток во 19,00 часот во Центарот за современа уметност АРТ Скопје, ќе се одржи изложбата насловена како „Во потрага по несовршената убавина“ на уметницата Десислава Минчева од Р.Бугарија.

Десислава Минчева се претставува со дела кои се нејзин ликовен но и тематски континуитет во последниве десетина години. Без амбиции да биде актуелна , да отвара големи теми, таа, едноставно сака да ни помпгне да ја видиме посебноста во нејзините дела да ги почуствуваме нејзините размисли, преспективи, да гледаме со срцето. Фундаментите на кој го гради своето творештво се човекот и природата. Две точки кои во себе содржат елементи кои сами по себе се повеќе од податни и овпзможуваат истражувања кои во естетски и духовен контекст нудат нови предизвици и изненадувања.