Изненади уште еднаш: Брижит Макрон во комбинација која ја носат дами двапати помлади од неа
Првата дама на Франција е жена која не се замара со коментари поврзани со стилот кој не се смени ниту кога нејзиниот сопруг Емануел Макрон дојде на власт во Франција, па таа секогаш носи мини здолништа и парчиња кои најчесто ги носат жените двапати помлади од неа. Но, тоа е одлично, нели?
Брижит Макрон, сопругата на претседателот на Франција Емануел Макрон, секогаш е беспрекорно облечена, го негува својот минималистички стил и сепак успева да не изненади со некој од нејзиниот нов стајлинг.
Таа многупати досега покажа како изгледа во класичен капут со закопчување во два реда, ни покажа како се носи блејзер со струк со тесни фармерки, а сега се појави во парче несвојствено за нејзиниот секојдневен стил.Таа во Париз во друштво на претставници на светски познати брендови ја посети изложбата Thierry Mugler: Couturissime која се одржува во чест на неодамна починатиот дизајнер Тиери Муглер. Иако изложените парчиња се најексцентричните и најавангардните од богатиот опус на креаторот, овој пат Брижит сакаше да остави впечаток во црно од глава до пети.
Иако важи за вљубеник во кожени панталони, досега не сме имале често можност да ја видиме Брижит во кожени јакни.
foto: Profimedia
Таа на изложбата се појави во кратка црна кожна јакна која ја следи фигурата на телото. Под сакото таа носеше црн тесен фустан со средна должина што се закопчува напред. Покрај тоа, таа одлучи да облече подебели црни чорапи и нејзин заштитен знак кога се обувките во прашање - кратки чизми со потпетици со средна висина.
Како ви се допаѓа ова издание на Првата дама на Франција?
фото: Инстаграм