Извајано тело во мини бикини: Цеца позира од Малдиви

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ моментално ужива на егзотичните Малдиви од каде објави низа фотографии во костим за капење и со својот изглед ја „урна“ мрежата.

Имено, Цеца позираше во минијатурен зелен костим за капење и го покажа своето извајано тело.



Пејачката најпрво позираше со зајдисонце во вода на лулашка, а коментарите само стигнуваа: „Сирена“, „бомба“, „најубава и најпрекрасна“, „една е Цеца“, „Жено божја, ти си нереална“...

- Колку убав и сончев ден денес! Малдиви – рај на земјата и безгрижно патување – напиша таа во описот на сликата. Инаку, во изборот на дестинација и помогнала пријателката, поранешната мисица Сања Папиќ.

Набргу потоа Цеца е фотографирана на ситниот песок, потпрена на палма, а нејзините бујни гради, тесниот струк и затегнатите нозе многумина оставија без здив.

Инаку, пејачката вчера покажа како изгледа бунгалов на вода во кој престојува на оваа луксузна дестинација. А како изгледа, погледнете во продолжение:


Foto: Instagram/Oficijalen profil Ceca