Ја каснал инсект, сега е во кома: Ирена од Крушево се бори за живот

По убод од инсект, млада мајка од Крушево се бори за живот во скопска приватна болница.

Ирена Богдановска веќе петти ден е во кома а нејзиното семејство моли за финансиска помош поради лекувањето за кое плаќаат 1500 евра од ден.

Отворена е донација на социјалните мрежи, а нејзиниот сопруг вели дека состојбата со Ирена е многу лоша.

Ирена е сопруга и мајка на две дечиња.

Донирајте ако сте во можност на овој линк за оваа млада мајка да може да му се врати на семејството што поскоро.