Ја криев девојката да не ме урочат: Миро од „Бекстејџ“ во љубов со Украинка

Тв водителот на естрадниот магазин „Бекстејџ“ , Миро Кацаров од неодамна е во нова врска. Кацаров е во љубов со Наталиа, родена Украинка која долги години живее во Прага.

„ Се запознавме сосема случајно, иако јас не верувам во случајност, и ете ова е уште еден знак за тоа. Наталиа работи како маркетинг менаџер во истата чешка фирма во која што јас работам во Скопје. Всушност, ние сме биле колеги а не се знаевме , бидејќи живееме во различни држави. Дојде на работен состанок во септември, а јас претходно ја видов на слика од нејзиниот Инстаграм профил. Кога ја видов си реков: Миро, тоа е тоа ! Кога дојде во Скопје тоа беше љубов на прв поглед, обострано. Морам да признаам дека и таа го гледала мојот Инстаграм и сум и се бендисал и јас, но ми рече дека на почетокот си рекла: Ова е некој нарцис. Наталиа е многу нормална девојка , од нормална фамилија , воспитана и е електро-инжинер, а најмногу кај неа ме привлече скромноста“, ја раскажа водителот својата љубовна приказна.

Миро вели дека Наталиа е девојата која му го одзема здивот. Понекогаш ѝ е тешко вели, да го разбере шоубизнисот. 

„ Според моето искуство со други врски, кои биле турболентни , учам од грешките и сакам да бидам сѐ подобар. Се плашам од луѓето со лоши и завидливи очи, затоа и долго време не ја покажуавав во јавноста, ја криев девојката да не ме урочат. Прв пат заедно бевме на концертот на Здравко Чолиќ. Врската на далечина не е лесна да се одржува, но се трудиме секој месец или таа да дојде или јас да одам кај неа во Прага“, раскажа Кацаров. 

Иако им е мака што се разделени, Миро и Наталиа имаат план за иднината. „Имаме доверба , почит и љубов еден во друг, и знаме дека тие ќе победат на крајот“, вели водителот.