Ја нападнаа непотребно: Најдобро облечената кралица во светот мета на критики поради суптилен шлиц

Добивај вести на Viber

Комбинациите на облека на членовите на кралските семејства се секогаш под лупа на јавноста, особено оние дами на поистакната позиција. Кодексот на облекување за нив е различен и непишаниот „кодекс на облекување“ всушност ги спречува да носат одредени парчиња кои би можеле да се сметаат за несоодветни, дури и оние што ни изгледаат сосема соодветни.

Сепак, многумина се согласуваат дека ваквите правила се застарени и непотребни бидејќи на почетокот е јасно дека, на пример, кралицата сигурно нема да си дозволи да излезе во гол фустан каков што гледаме на холивудските црвени теписи, па затоа нема потреба за толку строго мешање во нивната гардероба.

Од друга страна, за некои малку поконзервативни следбеници на настаните од кралските дворови, дури и некои едноставни и елегантни фустани се премногу провокативни.

Мета на нивните критики овојпат е кралицата Летиција, која многумина ја сметаат за една од најдобро облечените членови на кралското семејство.

Во придружба на нејзиниот сопруг, Летиција дојде во Кралскиот театар во Мадрид за да ја одбележи 500-годишнината од смртта на Антонио де Небри, познат шпански хуманист, филолог и лексикограф. Кралицата за оваа пригода носеше ненаметлив црн фустан од Emporio Armani, кој го искомбинира со класични салонки и чанта во иста боја.


На критичарите на социјалните мрежи им пречеше страничниот шлиц на нејзиниот фустан. „Премногу висок шлиц за некој со нејзината титула“, „Дали е кралица или актерка“, „Зошто постојано ги покажува нозете“, „Ваков фустан за комеморација на годишнина од нечија смрт е лош избор“ , се само дел од негативните коментари за нејзиниот аутфит.



Сто луѓе - сто изненадувања и мислења, но можеме само да заклучиме дека Летиција и овојпат беше елегантна како и секогаш, во многу едноставен и пристоен фустан кој е сосема соодветен за кралицата.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube-screenshoot- ¡HOLA!