Ја обожававаме во филмот „Flashdance“: Еве како денес неверојатно изгледа иконата од 80 -тите, Џенифер Бил

Ја паметиме по улогата на Алекс во култниот филм „Flashdance“ во режија на Адријан Лин од 1983 година.

Актерката Џенифер Билс беше обожувана од сите во текот на осумдесеттите години на 20 век. Иако имала успешна кариера на филмското платно кога имала само 20 години, Џенифер одлучила да студира американска литература на Универзитетот Јеил. Таа се појави во филмови како „Ѓволот во синиот фустан“, „Роџер Доџер“, „Жири на бегство“, „Книга за спас“ и обично играше споредни улоги.


Нејзината улога во серијата „The L Word“, која беше прикажана од 2004 до 2009 година, беше многу забележлива. Имено, овде таа ја играше улогата на Бети, лезбејка која работи како директор на музеј, и поради оваа улога стана геј икона, како и борец за правата на хомосексуалците.



Таа одби да игра во реалното шоу „Танц со sвездите“ со објаснување дека не е танчерка: „Јас не сум танчарка. Ме прашаа, а јас одбив“, вели таа.


Таа е мажена за канадскиот бизнисмен Кен Диксон, парот има ќерка.



Фото: Youtube/Инстаграм

Стравичната судбина на поранешната девојка на Бонд: Нема кров над глава, сестра ѝ убиена трагично, живее како бездомничка