Ја остави трудната сопруга затоа што чека дете од друг маж: Месеци по шокантното сознание, актерот ја донел најважната одлука

Актерот и поранешна ѕвезда на серијата „General hospital (Општа болница)“ Стив Бартон поднесе барање за развод од поранешната сопруга Шери Гастин, 23 години по нивната венчавка, пишува „TMZ“.

Стив Бартон претходно ја обвини својата наскоро и официјално поранешна сопруга дека очекува дете со друг маж, што на големо чудење го сподели со сите објавувајќи порака на својот Инстаграм профил.

А според документите до кои дојде ТМЗ, Стив го наведува 1-ви март како датум кога се разделил од Шери и ги наведува „непомирливите разлики“ меѓу нив како причина за разделбата.

Стив и Шери се венчаа во јануари 1999 година и имаат три деца, Џек (16), Бруклин (8) и двегодишната ќерка Макена. Актерот бара заедничко старателство над децата. Исто така, тој бара судот да ја укине можноста која било странка да добива алиментација по легалната разделба од својот поранешен партнер.

Да потсетиме, Стив Бартон во мај на Инстаграм ја објави следнава порака: „Сакам да расчистам нешто. Шери и јас се разделивме, таа неодамна објави дека го чека четвртото дете, тоа дете не е мое. Ќе продолжиме да ги растеме нашите три прекрасни деца. Ве молам за приватност во овој момент. Многу љубов од мене, Стив“.


Фото: Профимедиа