Ја осудуваат зошто родила дете на 57 години ама не знаат низ што поминала: Тажната приказна на учителка
Наставничка од Њу Хемпшир, Барбара Хигинс (57) и нејзиниот сопруг Кени Банзоф станаа родители овие денови. Барбара родила момче, зачудувајќи ги соседите, семејството и медиумите.
Според „nbcboston“, Барбара сега е една од најстарите жени во Америка која се породила во тие години. Барбара родила син и вели дека бременоста воопшто не и била тешка и верува дека тоа е затоа што била физички активна цел живот.
- Јас кревав тегови буквално еден ден пред породувањето. Го сакам кросфитот и тоа има големо влијание врз моето здравје - рекла Барбара за медиумите.
Барбара и Кени поминале низ трагедија во 2016 година, кога ја изгубиле ќерката.
- Моли имаше 13 години и имаше недијагностициран тумор на мозок. Таа ненадејно почина - вели Барбара. Како што вели, додека се опоравувала од таа загуба, ја обзела неопислива желба да има уште едно дете.
- Непознати лица ме критикуваат дека се породив во подоцнежните години. Како родител кој изгубил дете, знам само една работа – утре не му е ветено на никој. Никој не може да роди дете и да биде целосно сигурен дека ќе живее за да види како детето расте. На крајот на краиштата, зошто Џек да не добие живот , само затоа што сум стара? прашува Барбара, охрабрувајќи ги жените да останат бремени кога сакаат.
(Еспресо / ЖенаБлиц)