Ја ожени најубавата жена во светот, ја изневеруваше на секој чекор па на крај ја остави: Денес ужива во прегратките на 20 години помлада дама (ФОТО)

Антонио Бандерас се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без здив. Многумина се прашуваат како успева да изгледа толку добро на 61 година.

На црвениот тепих беше придружуван од неговата 20 години помлада девојка, Никол Кимпел, за која вели дека е негова сродна душа и причина зошто блеска.

Како што сите знаат, Антонио беше оженет со една од најубавите жени во светот, Мелани Грифит, но таа заедница брзо се распадна.

Антонио и Мелани се запознаа на снимањето на комедијата „Двоен заводник“, а врската започна веднаш. Се венчаа во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а нивната ќерка Стела се роди истата година.

View this post on Instagram

A post shared by Antonio Banderas (@antoniobanderasoficial)



Бандерас и Грифит се разведоа во 2015 година, а се шпекулираше дека актерот го загубил трпението поради опседнатоста со операциите што го искривиле нејзиното лице. Исто така, многу медиуми објавија дека актерот бил неверен и дека ја користел секоја прилика да најде утеха „од страна“.

Сепак, Антонио и Мелани останаа во добри односи, а актерот конечно се смири со Никол Кимпел, која е 20 години помлада од него, и од која не се раздели во последните неколку години.


Извор: stil.kurir.rs