Ja создаде вакцината и кажа кога светот ќе продолжи со нормалниот живот

Добивај вести на Viber

Животот треба да се врати во нормала до следната зима, изјави еден од научниците што ја создаде вакцината, проф. Угур Сахин. Сахин, коосновач на БиоНТек. 

Објасни дека оваа зима сепак ќе биде тешка затоа што вакцината нема да има големо влијание врз бројот на инфекции.

Во интервју за „Би-Би-Си“, професорот Сахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали пренесувањето на вирусот меѓу луѓето и дека ќе го запре развивањето симптоми кај оној што ја примил. 

Минатата недела од БиоНТек, што ја развива вакцината заедно со „Фајзер“, изјавија дека прелиминарната анализа покажала дека нивната вакцина може да спречи повеќе од 90 отсто од луѓето да добијат ковид-19. 

Вакцината веќе е тестирана на околу 43.000 луѓе.

Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк