Јас сум волк самотник. Немам ни жена ни деца, ни куче ни маче: Владо Јаневски со најискрена изјава досега

фото:Instagram/vladojanevskiofficial

Владо Јаневски за ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ си ја отвори душата за првото заљубување на 16 години, за првата Нова година која ја прославил во тинејџерството, зборуваше кога престанал да верува во Дедо Мраз, а кога станува збор за празниците вели дека се навикнал на секој празник да биде сам.

На прашањето дали постои личност во неговиот живот кој ја одбележал изминатава, 2021 година, Јаневски вели:

„Јас сум волк самотник. Немам ни жена ни деца, ни куче ни маче. Да не е музиката, јас не знам што би правел. Од сабајле до вечер, книгите, филмовите и музиката ми се дел од секојдневието, начин на кој јас го живеам мојот сингл жувот. Ако немам близок човек кој го викам свој, затоа имам многу луѓе кои се на полиците како писатели, пејачи, глумци - се хранам со квалитетни луѓе кои не ми се во близина ама сеедно денот ми има доволно духовна храна.“

Целиот разговор слушнете го овде: