Јелена Ѓоковиќ го обожува чајот кој го опоравува организмот во зима: Штити од настинки и помага во процесот на губење на тежината
Добар начин да го започнете денот!
Јелена Ѓоковиќ е некој кој се залага и се грижи за исхраната. На својот профил секогаш ги истакнува здравите рецепти и тренинзите.
Овој пат таа со своите следбеници сподели фотографија на која може да се види како ужива во еден од омилените зимски пијалоци, чајот од куркума. Инаку, куркумата има бројни придобивки, па не е чудно што Јелена го избира токму овој напиток.
Ако сакате да пробате чај од куркума, направете го на овој начин.
Овој чај се состои од само пет состојки, куркума, ѓумбир, цимет, кардамон и природен пчелен мед. Поволното дејство на организмот ќе се почувствува по неколку дена редовна употреба, а се верува дека ја зголемува отпорноста на организмот.
Половина лажичка ѓумбир
Половина лажичка цимет
Одозгора ставете една кафена лажичка куркума
Нотка кардамон
1 лажичка мед
500 милилитри вода
Подготовка:
Оставете ја водата на тивок оган.
Кога водата ќе зоврие додадете ѓумбир и цимет.
Потоа додадете куркума, кардамон и измешајте.
Сето тоа нека се вари околу 5 до 10 минути.
Оставете да се излади десетина минути, а потоа процедете го чајот и засладете го со мед.
Пијте го овој чај секое утро и ќе останете здрави и витки.
И со сезоната на вируси во тек, сега е совршено време да го зајакнете вашиот имунитет со вклучување на чај од куркума во вашите секојдневни ритуали. Не само што овој топол пијалок благотворно делува на вашето тело и ќе ве заштити од настинки, туку и неговиот ароматичен, освежителен вкус сигурно ќе ве задоволи на студените зимски температури.
извор:srbijadanas