Јелена Карлеуша во необична креација за декември: Зад истата се потпишува самата таа

Што ќе кажете за дизајнерските способности на пејачката?

Судејќи по сѐ, Јелена Карлеуша повеќе нема да биде само пејачка, туку од следната година ќе биде и модна дизајнерка.

Пејачката Јелена Карлеуша пристигна на прес-конференцијата по повод нејзиниот новогодишен настап во еден клуб во српската престолнина, кој ќе следува по најавениот настап пред Општината.

Популарната пејачка не може да го дочека настапот во најлудата ноќ, како и гостите кои ќе пристигнат од сите држави во регионот.

„Јас Белграѓанка, а имам посебна размена на енергија со луѓето кои доаѓаат овде за дочекот, очекувам странци, Бугари, Словенци, Босанци... Позната сум по тоа што сум многу издржлива, можам долго да играм и да пеам...“

На познатото прашање „кој ќе бакне на полноќ“, Јелена имаше интересен одговор:

„На полноќ ќе ги бакнам Дедо Мраз и Марија Шерифовиќ. Се надевам дека моето семејство ќе биде во бекстејџот пред Општината“.

Јелена исто така најави и разни костими, фустани и прерформанси, а ова никако не може да не изненади кога е таа во прашање.

„Она што е сигурно е дека, кога правам настап и го осмислувам, гледам секој пат да биде поинаков, експлозивно. Пред Општината ќе има многу промени на костими, а ќе биде ладно и интересно да се гледа како го менувам тоа на сцена. Ова ќе биде дочек со најмногу луѓе пред Општината - повеќе од 100.000 луѓе.“

Пејачката на разговорот со новинарите се појави во несекојдневен фустан во „nude“ нијанса, со кој, всушност најави дека ќе се насочи кон модниот дизајн. Во прашање е макси фустан со ролка, долги ракави и необични прорези во пределот на деколтето и стомакот. Овој фустан го имаше искомбинирано со шпиц чизми на високи потпетици. Карлеуша откри дека фустанот сама го дизајнирала.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

„Се наоѓам во своја модна комбинација, која ќе се најде во рамките на една модна колекција следната година. Тоа го дизајнирав јас.“

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)


фото: Instagram/@karleusastar