Јована и Жељко се сакаат како првиот ден: Уживаат во романтичната ноќ, а насмевките зборуваат повеќе од илјада зборови (ФОТО)

Водителката е во неговите раце, го гледа и се смешкаат, а со објавата на фотката напиша кратко и јасно: „Те сакам“

Брачната двојка, водителката Јована Јоксимовиќ и пејачот Жељко Јоксимовиќ, дозираат со пласирање на информации од приватниот живот во јавноста, а фотографијата на која ја искажуваат љубовта еден кон друг, воодушеви многумина.

Имено, Јована објави фотографија на својот профил на Инстаграм, на која се гледа дека љубовта меѓу Жељко и неа се уште цвета како и првиот ден.

Следуваа бројни комплименти од фановите, а покрај идиличната врска со сопругот многумина го коментираа и феноменалниот изглед на водителката.

Иако роди три деца, на виткото тело на Јована може да ѝ позавидат многу помлади девојки, а освен добрата генетика, очигледно е дека постојаната грижа е задолжена за нејзиниот фантастичен изглед.

„Јована е прекрасна“, „Секогаш витка и елегантна, браво“, „Изгледаш прекрасно“, се само дел од коментарите на Инстаграм профилот на Јована.

извор:telegraf.rs