Јубилејниот роденден го прослави на уникатен начин: Главни гости на Тања Кочовска ѝ беа поранешниот и сегашниот сопруг

Актерката Тања Кочовска вчера го прослави својот јубилеен 55-ти роденден. Честитите со најубави желби пристигаа до неа од сите страни, а особено внимание привлече фотографијата која таа си сподели ја својот профил по повод роденденот.

Имено, на неа позираат Тања, покрај која се нејзиниот поранешен и нејзиниот сегашен сопруга, поточно Владимир Ендровски - Љац и Предраг Павловски.

„Иииии со двајца мажи... 55...“ - напиша актерката покрај фотографијата, а во описот додаде и емотикон со човече што крева тегови.


Ова дефинитивно ги насмеа нејзините следбеници и пријатели, кои уште една се потсетија на дохувитоста на Тања.

Како за потсетување, Тања претходно за Женски магазин ја раскажа нејзината љубовна приказна со Предраг, каде откри дека и со него и со Владимир се имала венчано на ист ден во ист час.

„Мислев дека со дете тешко дека ќе можев да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме. И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час. И почнавме  да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сè ми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат, Први мај ми беше последна менструација со двете деца, сè, сè сèисто ми беше, само очигледно дека човекот сум го згрешила првиот пат“ - своевремено раскажа Тања.