Се омажив за Предраг на истиот датум, во истиот час како и првиот пат: Уникатната љубовна приказна на Тања Кочовска
Актерката Тања
Кочовска, која е долги години во брак со нејзиниот колега Предраг Павловски,
вели дека кај нив дома секој ден е Свети Трифун и Свети Валентин.
Минатата недела, кога на Предраг му беше роденден, Тања му го честиташе на нејзиниот познат, уникатен начин на Фејсбук. До фотографијата на која се и двајцата во друштво на колеги од Театарот за деца и младинци, Тања напиша: „Среќен роденден колега“. На тој нејзин духовит начин, Тања ни ја раскажа љубовната приказна со Предраг, од моментот кога во пет наутро ја побарал за жена, до тоа зошто сите сакаат да ги имитираат.
- Ние сме сосема различни, а кај него во моментов сè ме неврира. Сега со коронава како што сме повеќе по дома, само нешто ни пречи, само нешто се боцкаме. Всушност, ние постојано се боцкаме, затоа и толку се сакаме“, рече Тања за Предраг. Потоа се наврати на почетокот на нивната љубов и моментот кога Предраг ја побарал за жена уште на првото излегување.
- Ние студиравме заедно, а тој имаше многу долга врска со една девојка, женичка, си излегувавме на исти места каде што излегуваа сите глумци во тоа време, и така се дружевме. Кога јас отидов во Театар за деца и младинци, и тој се вработи таму, и онака, на „здраво“ бевме- службено. Ниту јас го гледав како човек што ми се свиѓа, ниту тој мислел да ми се удавара, зашто ме гледал како некој кој е популарен во моментот, и сигурно мислел дека ме чека кола со шест врати и се забавувам со некој шеик. И кога почнаа да го загледуваат дел од женскиот персонал во Театарот за деца, така почнав и јас да го загледувам. Отидовме еден ден со секретарката и со Владимир Лазовски на ручек, тие си отидоа по некое време, јас и тој останавме. Цела ноќ се дружевме, и сабајле во пет часот тој мене ме побара за жена. Јас сум реков да, онака нели: Ајде, да. Мислев дека со дете тешко дека ќе можев да се омажам. Но, ти велам, првиот пат во пет сабајле кога ме побара, е сега, дали згрешил, дали не, не знам, оставам на него да каже, и така се „заидовме“, се заживевавме. И додека се решивме да се венчаме, пројде време, и дури кога отидовме во матично да закажеме, тој гледа и вели: Ти и првиот пат си била мажена на ист датум во истиот час. И почнавме да се смееме, не можевме да влеземе во матично од смеа. Така што, сèми е исто, само човекот е згрешен. 30 септември во 5 часот се венчав првиот пат, Први мај ми беше последна менструација со двете деца, сè, сè сèисто ми беше, само очигледно дека човекот сум го згрешила првиот пат“, ни раскажа Тања низ насмевка.
Интересно за Тања е што сите ја гледаат нејзината врска со Предраг, и сите како што вели сакаат да ја имитираат, затоа што е стабилна.
„Но, тоа не значи дека не можеш да се потскараш. Тој е мирен, тој со мирно ми враќа, мене тоа ме нервира, јас сум експлозивна и тој со тоа ме уништува со тоа што на тој начин ми ги враќа работите, јас ќе експлодирам нели, ама и во различностите е успехот веројатно.
- Јас молчам само на работа, преминувам преку многу работи со коелгите за да не направам војна, а во војната ќе страдам јас. Затоа, преминувам преку некои работи па неговата техника ја применив за да можам да им враќам на сите. Не да враќам, туку да им се оддолжам на тие што ми се должни во животот. Значи, ете што сум попримила од него, а мислам дека тоа е многу добра тактика, инаку во суштина сме среќно семејство. Тој е човекот на мојот живот“, вели Тања за Предраг.
Милица Џаровска
Можеби ќе ве интересира:
Лидија Кочовска за борбата на нејзината мајка со Алцхајмеровата болест: Ни ги заборава имињата, но секогаш памети дека јас и Тања сме ѝ ќерки