Јупитер во Бик од 16 мај: Со себе носи големи промени, посебно во едно поле
Јупитер во Бик ќе трае до 26 мај 2024 година
Јупитер влегува во Бик на 16 мај 2023 година и ќе остане таму до 26 мај 2024 година. Јупитер често се смета за „среќна“ планета која ни помага да се фокусираме на позитивното и ни овозможува да ги прошириме нашите умови, да видиме нови можности, да стекнеме подлабок увид и самосвест, пишува Sensa.
Јупитер во Бик нема да ни донесе брзи промени - тие повеќе ќе бидат резултат на методично планирање. Важно е периодов да не донесувате избрзани одлуки и да „измерите три пати“ пред да пресечете нешто.
Енергијата на Јупитер во Бик може да не направи мрзеливи, да забави и како резултат на тоа да се чувствуваме тромно и повеќе склони кон одложување. Од друга страна, оваа енергија ни отвора простор да застанеме, да одмориме и да го почувствуваме присуството во сегашниот момент. Треба само да се чуваме од претерување!
Додека Јупитер го започнува своето патување низ знакот Бик, тој не повикува да оцениме каков свет сме создале околу нас и за себе и дали и на кој начин тој нè поддржува. Во текот на изминатата година, Јупитер во Овен не поттикна да садиме семиња, да започнеме нови работи и понекогаш слепо да веруваме во нашите соништа. Но, сега наша задача е да го негуваме тоа засадено семе и да му обезбедиме средина во која ќе може да се развива.
Ако не сте задоволни од околностите на работа, во врска или во вашиот дом - сега е добар момент да ги промените. Околината и околностите се однесуваат и на планетата и на нашиот однос со неа. Иако Јупитер е планета на проширување и ни носи подлабока свест за планетата, тој може да придонесе и за проекти кои дополнително ќе и наштетат.
И Јупитер и Бик се поврзани со изобилство и пари, а одлично време е да се фокусираме на нашите финансии. Време е за враќање на долговите, но и за инвестирање. Инвестирањето може да биде и за стекнување нови вештини, одгледување сопствена органска храна или работа со скратено работно време.
Работењето на флексибилен начин на размислување е исто така нешто што го очекуваме во следната година. Треба да се ослободиме од крутите ставови и да бидеме отворени за нови перспективи и можности. Наместо да бараме изговори зошто не правиме нешто, треба да се свртиме и да видиме можности да видиме и доживееме нешто ново.
Посебно ќе ја почувствуваме интензивната енергија од мај до јуни 223 година, бидејќи Јупитер во Бик ќе се усогласи со Северниот јазол. Северниот јазол ја претставува нашата колективна судбина и каде се движиме како цивилизација.
Северниот јазол е во знакот на Бик од јануари 2022 година, но сега Јупитер дополнително ќе ја засили својата енергија. Ќе бидеме изненадени од многу појави за кои мислевме дека се работи за далечна иднина и ќе станеме сведоци на нив.
Ова е уникатен астролошки настан и настаните во следните 12 месеци ќе одредат како понатаму ќе се развива нашата цивилизација.