Каде е денес Ања Рупел: Пејачката која ја испеа „Krajnje vrijeme“ во дует со Тоше Проески

Со лице на невино девојче и црна коса со шишки, таа беше жена на соништата на многу мажи

„Половина од поранешната екс Ју беше вљубена во Ања“. Групата „Гоблини“ ќе ѝ ја посветат песната „Ања, те сакам“. А Ања постојано ќе се труди да го исфрли угледот на секс симбол на своето време.

View this post on Instagram

A post shared by anja rupel (@anjarupel)


Откако бендот престана со работа во 1992-ра година, таа ја продолжи својата соло кариера, а се издвојуваат нејзините соработки со бендот „Laibach“ на песната „Across the Universe“ и дуетот со Тоше Проески „Krajnje vrijeme“.

Во раните осумдесетти, Ања се придружи на група „Видеосекс“, откако на аудицијата ја забележале Изток Турк и Јанез Крижај, кои го основале бендот. Тогаш имала само 16 години, а како што вели во интервју за „мјузик-бокс“, не ѝ било лесно тоа да го соопшти на семејството и пријателите на училиште.

По распадот на Југославија речиси ништо не се знаеше за неа надвор од границите на Словенија. Бендот продолжи да работи и во деведесеттите, но набрзо се распадна, а таа ја продолжи успешната соло кариера по долга пауза, но во границите на родната земја.

Денеска ја има 19-годишна ќерка Луна со нејзиниот животен сопатник Алеш Клинар, кој го запознала во средното училиште и кој во нејзината самостојна кариера ги напишал речиси сите нејзини песни, а освен што пее, таа пишува и песни за други уметници.


Ања во март наполни 56 години и вели дека гордо ужива во својот живот, малку работи, се грижи за својата ќерка и како што неколку пати изјави за медиумите „води сосема обичен живот“.

View this post on Instagram

A post shared by anja rupel (@anjarupel)


Во текот на кариерата, Ања го издаде својот прв соло албум „Odpri oči“ во 1994-та година, а до 2016-та година објави осум албуми со неколкугодишни паузи. Издаде и голем број синглови, а во последната песна објавена во 2020-та година речиси и не можеме да ја препознаеме.

Извор: zadovoljna.nova.rs