Каде е всушност, Кејт Мидлтон?! По фотката од автомобил, се шират наводи за измама и двојничка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Откако се појавија нови фотографии од Кејт Мидлтон, корисниците на социјалните мрежи тврдат дека се лажни.

Откако не ја видовме од католичкиот Божиќ, принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат се појави во јавноста, по бројните озборувања, гласини и неверојатни шпекулации за нејзината здравствена состојба по операцијата во пределот на стомакот.

На фотографиите објавени од TMZ во понеделникот, сопругата на принцот Вилијам може да се види како носи очила за сонце додека се вози на предното седиште во автомобил со нејзината мајка, Керол Мидлтон, во близина на замокот Виндзор во Велика Британија.

Сепак, иако низ светот се прошири фотографија која многумина ги израдува бидејќи Кејт изгледа добро, откако беше напишано дека е во кома и е во лоша состојба, на социјалните мрежи сега пишува дека оваа жена воопшто не е Кејт.


Кејт, Пипа, двојничка ...?

Имено, многу корисници на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) тврдат дека на фотографијата е некоја друга жена.

Некои тврдат дека со Керол на фотографијата е нејзината друга ќерка, и сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон Метјус.

Од друга страна, многумина велат дека тоа е двојничката на Кејт, за која со години се шпекулира дека е работа со која луѓето се занимаваат во ситуации кога треба да се „одглумат“ членови на кралското семејство.

- Чекајте, кој е ова?! Вилијам, идентификувај ја оваа жена, време е да се стави крај на фарсата! Каде е Кејт Мидлтон? - прашуваат корисниците на социјалните мрежи, а поради оваа фотографија се појавуваат нови, страшни сомнежи, како оние бизарните и веќе споменатите, дека Кејт е во кома, затворена, болна, па дури и најстрашните, дека нејзината смрт наводно се крие...


Како дополнителен доказ дека фотографиите се лажни, на фотографијата е наведено и тоа што на едната страна од автомобилот се гледаат три или четири гуми и дека сето тоа е резултат на лоша фотошопирање.


Кенсингтонската палата одби да ја коментира фотографијата, тврдејќи дека е направена од папараците.

ФОТО: Твитер/Инстаграм принтскрин