Како бебе ја оставиле во тоалет: Цел живот го барав татко ми, а тој бил на 6 километри од мене

Жената која била посвоена како бебе, откако била пронајдена завиткана во ќебе во болничкиот тоалет се скршила откако дознала дека нејзиниот татко починал пред да успее да го запознае

Леа (26), чие презиме не е наведено во документарецот, мајка ѝ ја оставила во тоалетот во болницата Витеншаве, во јужен Манчестер, на 29 декември 1994 година.

Откривањето на напуштеното тридневното бебе предизвикало потрага по мајката, но таа никогаш не беше идентификувана.

Повеќе од две децении подоцна, Леа, која била посвоена од Деби и Ендрју од Манчестер на возраст од четири месеци, одлучила да ги побара своите биолошки родители заедно со тимот од Би-Би-Си и заедно го снимија документарниот филм: Our Lives: Finding My Family.

Снимен преку три години, документарецот ја следел нејзината потрага по нејзините родители додека спроведувала ДНК тестови со надеж дека ќе најде совпаѓање во онлајн базата на податоци.

По првичните лажни позитиви, Леа нашла далечен братучед, Роберт, кој ја обединил со нејзината баба (мајка на биолошкиот татко).

Но, наместо средбата да биде среќна, Леа открила дека нејзиниот татко, Ли Пени, починал во април 2014 година, откако доживеал мозочен удар непосредно пред неговиот 40-ти роденден. 

Повеќе од 20 години, живеел на само шест километри од Леа и нејзиното семејство. 

- Добро е што дознав за него. Но, тешко е да се прифати фактот дека е мртов. Се чини дека е направено премалку и предоцна , рече Леа, плачејќи по откривањето на оваа тажна вест.

Таа беше пронајдена како мало бебе од персоналот на болницата Витеншаве непосредно пред новогодишната ноќ 1994 година.

Лекарите верувале дека бебето, кое медицинските сестри го нарекле „Холи“, имало околу три дена во моментот кога било пронајдено. Случајно, полицијата верувала дека мајката најверојатно била тинејџерка или млада жена, но деталите за неа никогаш не биле откриени.

Деби и Ендру, кои веќе имале една посвоена ќерка, сакале да посвојат и друга, па на вестите слушнале за „бебето Холи“. Четири месеци подоцна, Леа била дома со нив.

„Имав живот полн со љубов“, рече Леа, додавајќи дека ништо не и фали.

- Мама и тато ме сакаа. Бев дел од семејството, не почувствував дека не им припаѓам. Но, секогаш нешто недостасуваше - вели таа во документарецот.

- Се сеќавам дека сакаше да ја побара својата родена мајка кога беше многу мала ... Ја повреди фактот што беше напуштена. Таа желба да се открие што се случило е силна“, додаде Деби. 

- И тогаш другиот дел од мене мисли „добро, сега јас сум ти мајка“, а како родител сакате вашите деца да бидат среќни, да го поправат она што не е добро во нивните животи. Но, ова беше нешто што не можев да го поправам“, објасни таа.

Леа, која сега е мајка на две момчиња, рече дека треба да открие зошто е напуштена, бидејќи не може да замисли да ги напушти своите деца од која било причина.

„Дури и да не ги знаеш основните факти од каде потекнуваш, влијае на се‘ друго во твојот живот“, рече таа, додавајќи дека достигнала точка кога треба да открие што се случило.

Мајката на две деца претходно безуспешно се обидувала да ги пронајде своите биолошки родители, но се надевала дека новите онлајн бази на податоци за ДНК би можеле да бидат клучни.

- Татко ми е роден и израснат во Витеншаве, во близина на болницата каде што бев оставена. Можев да го сретнам на пат, дури и без да знам дека тој е мојот татко“, рече таа.

Со помош на Роберт, Лиа состави семејно стебло и дозна дека еден од нејзините родители е од големо католичко семејство во Витеншаве.

Леа одлучи прво да го погледне семејството на најмладата тетка на Роберт, Кристин, чии синови беа млади во времето кога се родила Леа.

Кристин беше подготвена да направи ДНК тест и пет недели подоцна Леа откри дека е нејзината баба.

„Оф. Леле, малку сум шокирана да бидам искрена“, рече Кристин кога Леа се јавила да ѝ каже што открила.

- Имаш многу роднини, тетки и чичковци, ќе доживееш шок кога ќе ги сретнеш сите. Ќе мора да се сретнеме и да разговараме. Тоа е добра вест, нели? рече Кристин.

Резултатите значат дека еден од четирите синови на Кристин, од две различни врски, бил таткото на Леа.

Само два од трите преживеани синови биле подготвени да се подложат на тестирање, а резултатите утврдиле дека Ли е нејзиниот татко и дека живеел само неколку километри подалеку од неа со децении пред да почине.

- Дали треба да сум тажна за некој што не го познавам? Нешто ме боли, но не знам што боли или зошто - се прашуваше Леа кога го посети гробот на нејзиниот татко.

- Всушност, ние сме доста слични. Таа сличност ми дава чувство дека припаѓам некаде, но тоа е она што никогаш нема да можам да го дознаам од него ... Дали сум она што би се надевал за неговата ќерка? Дали е горд на мене? И остануваат очигледните прашања за тоа која е мајка ми“, објасни Леа.

Иако не доби шанса да се сретне со својот татко, Леа сепак успеа да се сретне со Кристин, која ја поздрави внуката со топла прегратка. 

- Многу си слична на Ли. Тој беше талентиран и добар во својата работа. Прекрасно црташе - рече Кристин, на што Леа одговори дека и таа црта.

Сепак, Кристин не знаеше која е нејзината мајка.

„Се обидувам да се сетам на девојките со кои Ли излегуваше, но не можам“, искрено рече Кристин.

Пред да се разделат, Кристин на внуката и подари нараквица што ѝ ја подари Ли.

- Немав никаква врска со тоа која сум. Сега конечно имам нешто. Лично е, убаво ... - рече Леа.

- Се‘  уште имам желба да ја најдам мајка ми, да откријам зошто ме напушти ... Ние веќе го направивме невозможното со пронаоѓање на татко ми, така што сега не е толку невозможно да се најде мајка ми - заклучува таа во документарецот.

- Мојот живот треба да продолжи, морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка на моите деца. Морам да ги ставам на прво место. Не можам да дозволам потрагата по мајка ми да ми го запре животот и да ме спречи да бидам добра мајка за нив бидејќи тоа е се‘ што некогаш сум сакала, да им бидам добра мајка - додава Леа.


Фото и Извор: Youtube/BBC