Како да дознаете дали имате корона без тест: Ова се двата клучни симптоми по кои се разликува од обичната настинка
Ако имате типични симптоми слични на настинка, можеби имате коронавирус.
Професорот Тим Спектор, основач на апликацијата Covid Zoe Symptom Tracker, предупреди дека чувството на замор и болно грло може да бидат знаци на корона. „Симптомите на ковид и настинка се главно исти, освен што со ковид, генерално сте поуморни и имате болки во грлото - затоа најдобро е да се претпостави дека е ковид“, објасни тој.
„Има двојно повеќе случаи на ковид од обичните настинки - односот никогаш не бил поголем“, рече тој.
„Да се надеваме дека овој бран ќе заврши наскоро“, додаде тој.
Експертите во апликацијата откриле дека 58 отсто од луѓето со корона вирус имаат болки во грлото, додека 47 отсто имаат главоболка. Најновите податоци покажуваат дека околу 43 отсто од луѓето имаат кашлица, 41 отсто се со затнат нос и 39 отсто имаат течење на носот.
Минатата недела, истражувачите сугерираа дека може да има дополнителни помалку познати несакани ефекти што може да ги искусат долгорочните пациенти со ковид. Во меѓувреме, студиите покажаа дека еден од 20 луѓе кои ќе се заразат може трајно да го изгубат чувството за мирис или вкус.
извор:najzena