Како да ги надминете кризите за храна: 12 здрави ужини

Добивај вести на Viber

Нивото на енергија меѓу оброци може да го одржуваме со хранлива, урамнотежена ужина.

Автор: Сузан Бауерман, mr.sc., лиценциран нутриционист, CSSD, CSOWM, FAND – постар директор, Глобална едукација и обука за исхрана, Herbalife Nutrition 

Ако ги избираме паметно, ужините може да ни бидат од голема корист. Хранлива, урамнотежена ужина може да ни го одржува нивото на енергија меѓу оброци. Мали, хранливи ужини може да ни помогнат да го контролираме гладот до следниот оброк, плус нема да бидеме толку гладни за време на оброкот. Но, стресните ситуации често може да нè натераат да грицкаме или да јадеме неконтролирано затоа што сме под стрес. 

Како одговор на стресот, телото излачува кортизол, хормон на стрес. Кортизолот во телото поттикнува реакција „бори се или бегај“ и мозокот добива порака дека му треба гориво за борба против заканата што предизвикува стрес. Поради ова може да ви се пријаде нешто благо, солено или мрсно. 

Голем дел од нас веднаш ќе отидат до блиската продавница, до ресторан за брза храна или ќе го отворат шкафчето во кујна и ќе си каснат производи што содржат голема количина масти, сол или шеќер.

Затоа, ви предлагаме неколку алтернативни хранливи ужини со кои може да ги надминете кризите за храна.

Ако ви се јаде нешто благо

Понекогаш сакаме да си каснеме нешто благо зашто нагло ни паѓа нивото на енергија. Или, пак, посегнуваме по колачи за да се почестиме или да се наградиме. За жал, голем дел од колачите се висококалорични, така што ако ги јадете додека се обидувате да ја намалите тежината или да одржувате оптимална телесна тежина, само ќе постигнете контра-ефект.

Еве неколку совети како да ги надминете кризите за храна без притоа да ја нарушите здравата исхрана: 

⦁Ужини богати со протеин

Кога ви се јаде чоколадо, како замена за него каснете си ужина богата со протеин како што се Протеинските плочки. Покрај тоа што ќе ви ја задоволат желбата за благо, ќе ви помогнат и да го контролирате гладот. 


⦁Приготвено овошје

Текстурата на приготвеното овошје повеќе изгледа како десерт. Пробајте парчиња грејпфрут или портокал печени на грил скара, праски или ананас печени во рерна, варени парчиња јаболка или сливи зачинети со цимет или морско оревче.


Прилагодете го утринското кафе

Денес има многу напитоци со кофеин што, на пример, може да ви помогнат да го зголемите нивото на енергија. Ако пиете благо кафе, или ако не сакате да пиете кафе без млеко, користете немасно млеко или млеко со ниска масленост. Додајте малку засладувач, цимет или какао. Ако сакате алтернатива за кафе, пробајте го Herbalife Nutrition Инстант растителниот напиток со екстракти на чај – содржи кофеин и е нискокалоричен, со околу 6 калории во една порција.

⦁Заменски оброк со вкус на чоколадо

Ако сакате да ја регулирате телесната тежина, желбата за чоколадо може да си ја задоволите со протеин во прав со вкус на чоколадо што ќе го користите за да си приготвувате шејк како заменски оброк (на пр., Формула 1 со вкус на Smooth Chocolate).

Ако ви се јаде нешто кремасто 

Производите со кремаста, мазна структура даваат задоволство и на многу луѓе им делуваат утешно. Ако имате желба за сладолед или мрсно сирење, пробајте некоја од следниве алтернативи:

⦁Јогурт

Во обичен немасен јогурт додајте малку мед или јаворов сируп и декорирајте со свежо овошје. 

⦁Смрзнати банани

Излупете банани, замотајте ги во хартија за готвење и замрзнете ги. Потоа, може да ги исечете на парчиња за да ги јадете или да ги изблендирате и да си направите десерт од една состојка сличен на сладолед.

⦁Рикота сирење со ниска масленост 

Добро измешајте го со малку овошје и една капка засладувач и ќе добиете богата протеинска ужина слична на пудинг.

⦁Чиа пудинг

Ставете 1 супена лажица чиа семе во ½ шолја напиток од соја со вкус на ванила (на пр., Формула 1 со вкус на Vanilla Crème). Оставете да отстои 10 минути за да се згусне и потоа декорирајте со свежо овошје. Или пробајте го овој рецепт за чиа пудинг со јагодесто овошје.


Ако ви се јаде нешто крцкаво или пикантно

Понекогаш фрустрацијата или стресот ни будат желба за крцкава или солена храна. Со џвакање и движење на мускулите на вилицата навистина се намалува напнатоста. Еве неколку алтернативи со кои може да си ја задоволите желбата за солени и мрсни ужини:

⦁Сушено месо (т.н. „Jerky“)

Сушеното месо или „Jerky“ е ужина за џвакање богата со протеин што се прави со посолување и сушење немрсно месо. Може да се направи и од месо од живина или риба, а постојат и варијанти што одговараат за вегетаријанска и веганска исхрана. Текстурата на оваа ужина ја задоволува желбата за грицкање, а протеинот може да помогне за намалување на гладот.

⦁Сос од младо кравјо сирење

Ставете немасно или посно младо сирење во блендер и блендирајте додека не добиете мазна структура. Потоа, додајте малку сенф и смесата користете ја како сос за крцкав зеленчук.

⦁Чипс од зелка

Начинот на приготвување е многу едноставен: отстранете ги тврдите делови од листот, искршете го листот на парченца како залчиња, измијте ги убаво и исушете ги. Потоа, попрскајте ги со малку маслиново масло, посолете, наредете ги на хартија за печење и со повремено превртување печете ги во рерна околу 10-15 минути на 150 C додека краевите не поруменат. 

⦁Пуканки

Кога ќе испукате пуканки, наросете ги со немасен пармезан или чили во прав за да си ја задоволите желбата за крцкава и пикантна ужина. 

Дознајте како да си ја подобрите исхраната уште денеска – и исконтактирајте нè!


*Пр објава