Како да ја заштитите косата во текот на ладните есенски и зимски денови?
Дознајте како да ја заштитите косата од студот
Кога станува збор за ритуалите за нега и убавина, веќе научивме дека е неопходно да се менуваат, да се приспособат во зависност од временските услови, т.е. сезона. Така е и со негата на косата - условите се сосема различни во топлите месеци од годината, кога влажноста е зголемена, во споредба со оние кога е студено, а воздухот е сув и суров. Се разбира, и во двата случаи тоа значи дека грижата треба да се прилагоди. И за да не ви биде косата сува, испукана и со непопуларниот изглед на метла во текот на следните месеци, следете ги советите кои ве очекуваат во продолжение.
Хидратација со соодветен шампон и кондиционер, но и маска
Спомнавме дека студениот воздух бара дополнителна грижа. Тоа секогаш значи - хидратација на прво место. Студот влијае на структурата на косата со тоа што ја вади влагата од неа, и придонесува косата да биде сува и безживотна. Исто така, за таа хидратација да биде што поефективна, се препорачува да биде со посилен интензитет, за разлика од, да речеме, лесните хидратантни формули кога се во прашање препаратите за коса, кои сте ги користеле во текот на летото.
Ќе постигнете подобра и поефикасна хидратација со тоа што ќе почнете да користите соодветен шапмон и кондиционер за краевите, како и хранлива маска која продира длабоко во влакното и му ја враќа влажноста, а е погодна за сите типови на коса.
Токму такви се UniqueOne All in One Shampoo и UniqueOne Supermask.
Балзам кој не се измива
Во текот на зимата, косата е исто така склона кон наелектризирање, а како што советуваат професионалните фризери, тоа може значително да се спречи со користење на трепмани за коса кои не се измиваат и кои може да се користат и на мокра и на сува коса, па затоа навлегуваат подлабоко во вашата коса, омекнувајќи ја и заштитувајќи ја од електризирање.
Овој Revlon UniqOne третман во спреј која што не се измива и може да се користи на мокра и на сува коса, пружа 10 докажани ефекти:
- Ја обновува сувата и оштетена коса
- Го зголемува сјајот на косата и има anti frizz дејство
- Дава термална заштита
- Ја прави косата свиленкаста и мека
- Ја штити бојата бидејќи содржи UVA & UVB филтери
- Го олеснува исправувањето на косата
- Овозможува лесно расчешлување на косата
- Ја прави фризурата долготрајна
- Спречува пукање на краевите на влакното
- И дава на косата волумен
Ја обновува оштетената коса, го контролира прекршувањето и виткањето на косата, ја штити фарбаната коса, овозможува полесно расчешлување и пеглање на косата, дава долготрајност на фризурата, ги штити краевите и дава волумен на косата. Лесно се отстранува при миење на косата. Не ја отежнува косата!
Зимска капа со сатенска или свилена постава
Ја знаеме изреката дека капа ја штити главата, а ние би додале дека капата ја штити косата и тоа не без причина. Ова е многу важна заштита од директна изложеност на веќе споменатите надворешни фактори. Секој пат кога ќе излезете надвор во текот на зимата - капа е задолжителна. А зошто свилена или сатенска постава? Бидејќи е нежна за вашата коса и ја штити од статички електрицитет.
Никогаш не излегувајте надвор со свежо исушена коса
Како прво, кога станува збор за студените месеци од годината, излегувањето надвор со свежо исушена коса не доаѓа предвид за да избегнете сериозна настинка. Плус, тоа е и погубно за вашата коса, бидејќи кога е сè уште топла од фенирање, таа е многукратно поподложна на негативното влијание на надворешни фактори. Погрижете се секогаш да има барем еден час помеѓу сушењето на косата и излегувањето надвор.
Извор: mogujatosama.rs