Како да направите совршена Маргарита: Коктел кој некогаш го пиеле само богатите
Коктелот Маргарита е еден од најпопуларните коктели за жени. Остар и вкусен, овој коктел е најпознатиот коктел на база на текила. Основното правило е да се измешаат 7 делови текила со 4 дела Triple Sec и најмалку 3 дела сок од лимета.
Состојки:
- 44 мл текила
- 15 ml Triple sec (ликер направен од сушена кора од портокал)
- сок од лимета
- сол
Инструкции за мешање на Маргарита:
Работ на чашата натопете го во сок од лимон и потоа премачкајте ги рабовите со сол, сите состојки измешајте ги со мраз, истурете во претходно подготвена чаша и послужете.
Инаку важно е да се навлажни надворешниот раб на чашата со парче лимон, а потоа внимателно се става чашата во солта до длабочина од половина сантиметар. Чашата треба да се држи за држачот така што садот е свртен надолу.
Маргарита е најпопуларниот коктел на база на текила од раните 1970-ти
Оригиналната Маргарита е создадена во раните 1930-ти. Наречен е така по една жена. Но, не може точно да се утврди за која жена станува збор.
Според една легенда инспирација била г-ѓа Маргарита Самес - богата и истакната личност која се смета дека токму таа го подготвила овој пијалок за прв пат.
Маргарита и нејзиниот сопруг Бил поседувале вила во близина на хотелот Фламинго во Акапулко. По Втората светска војна, тогашната елита се собрала во Акапулко, таа организирала прослава за Божиќ каде што присуствувале многу филмски ѕвезди и деловни луѓе. Тогаш неколку гости побарале некој нов пијалок од Маргарита бидејќи биле уморни од пиење пиво и Блади Мери.
Маргарита тогаш направила неколку обиди да направи нов коктел, за на крај да дојде до коктелот сега веќе наречен Маргарита, а благодарение на нејзините богати пријатели кои биле познати низ целиот свет, овој коктел набрзо станал популарен во елитното општество.
Има се разбира, многу други приказни за тоа како настанал коктелот Маргарита.
фото:instagram