Како да се храните за да спречите дијабетес тип 2?

Добивај вести на Viber

Производи без додаден шеќер од Виталиа

Прекумерниот внес на шеќери може да предизвика низа здравствени проблеми, како што е  дијабетесот – болест од која боледуваат повеќе од 10,5% од луѓето во светот. Проблемите кои можат да настанат по дијагностицирањето на дијабетес влијаат на животниот стил, на здравјето, па и на нивото на енергија, задоволство и среќа.

Со цел намалување на ризикот за дијабетес, исклучително важно е да се применува здрава и балансирана исхрана, со контролиран внес на прости шеќери и заситени масти, како и редовна физичка активност.

Како да го намалите внесот на шеќери?

Лесно и едноставно, на полиците од вашиот маркет барајте производи без додадени шеќери, со природни состојки и низок гликемичен индекс. Македонскиот производител за здрава храна, Виталиа, ви нуди изобилство на производи кои совршено се вклопуваат во ваквиот режим на исхрана.

За појадок, селектирајте овесни снегулки и надополнете ги со свежо овошје. Овесот е извонредна житарка, богата со бета-глукани, растителни влакна кои ја помагаат во контролирање на глукозата во крвта. Растителните влакна ја отежнуваат работата на ензимите кои ги разградуваат јаглехидратите, па побавно се создава глукозатаво крвта

Овесот e богат со и протеини, витамини (од групата Б, витамин К, Е, Д и провитаминот А), минерали (калциум, фосфор, калиум, железо, бакар, цинк, манган, натриум, магнезиум, сулфур, јод, флуор и бор) и есенцијални амино киселини кои го поттикнуваат создавањето на црвените крвни зрнца.

Доколку утринското кафе го преферирате засладено, ви препорачуваме здрава замена на белиот шеќер – Виталиа Sweet Stevia- природен и здрав засладувач без калории и шеќери .

Сигурно постојат повеќе моменти во текот на денот кога чувствувате дека ви е потребно нешто слатко, ќе ви понуди инстант доза на енергија и ќе ве награди со добро расположение.

https://www.instagram.com/p/Ce-9fgHLP95/

Виталиа кремовите се совршениот баланс помеѓу здравото и вкусното со самата комбинација на јаткасти плодови и чоколадо, а се истакнуваат со својот вкус додека истовремено се БЕЗ ДОДАДЕНИ ШЕЌЕРИ, палмино масло, глутен, вештачки адитиви или ароми. Достапни се во 4 вкусови, и тоа два посни -  ВЕГАН крем со какао и 20% лешници,ВЕГАН протеински крем со кикирики и какао збогатен со протеин од грашок и наут, како и два млечни кремови со лешници и кикирики, збогатени со протеин од сурутка.


Ако е веќе слатко, нека биде здраво! Овошјето е соодветна опција, бидејќи нуди многу здравствени бенефити и одговора токму на овие барања. На пример, Јагодата е богата со витамин Ц и затоа се препорачува да се консумира свежа кога е во својата сезона. Во зимскиот период, кога нема свежи јагоди, може да биде заменета со RAW BAR на Виталиа, кој содржи повеќе од 80% овошје, комплетно сиров бар кој е одличен извор на протеини и растителни влакна, и ја надополнува енергијата без внес на додадени шеќери.


Со дисциплинирана исхрана и контрола над она што го јадете, ќе успеете да го намалите внесот на шеќер во организмот, а со тоа го намалувате и ризикот од дијабетес тип 2. Во месецот за подигање на свеста за шеќерот направете ги првите чекори кон водење поздрав живот преку исфрлање на вишокот шеќер од исхраната. Верувајте, телото ќе ви биде благодарно!