Како денес изгледа најпознатата жртва на Талибанците: Насилно ја омажиле на 14 години, ѝ ги отсекле носот и ушите (ФОТО)

фото:World Press Photo 2010 | Jodi Bieber

Талибанците повторно ја вратија власта врз Авганистан, а луѓето таму се во паника и се обидуваат да ја напуштат земјата.

Стравот е присутен кај сите, но можеби жените имаат најмногу причини за страв. Иако портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид неодамна вети дека ќе ги почитува правата на жените, но во рамките на нормите на исламскиот закон, сликите што неодамна се појавија и ги прикажуваат ужасните казни за жените го покажуваат спротивното.

Жените добро знаат од што се плашат. Целиот свет се сеќава на Биби Ајша, можеби најпознатата жртва на Талибанците и една од ретките што ја преживеа тортурата и можеше да зборува за тоа.

Талибанците и ги отсекоа ушите и носот на Биби кога имала 18 години. Причината беше што таа се обиде да избега од својот сопруг со кого беше насилно во брак кога беше уште дете.

Ајша се појави на насловната страница на списанието Тајмс во 2010 година, а потоа нејзината приказна ја дозна целиот свет. Тоа беше приказна за бруталноста на Талибанците, речиси една деценија откако беа соборени во 2010 година.

Тогаш Тајмс го постави „пророчкото“ прашање на насловната страница - „што ќе се случи ако го напуштиме Авганистан“. Одговорот стигна деновиве - Америка се повлече, а резултатите се веќе видливи и се во крвави бои.

Ајша му беше ветена на еден Талибанец. Нејзиниот татко ја ветил кога имала 12 години. На 14 години, тој ја натерал да се омажи за негож. Четири години, Ајша трпела страшно насилство. Нејзиниот сопруг ја третирал како робинка, а потоа таа се обидела да побегне. 
Тогаш таа беше фатена и по пет месеци во затвор, беше пуштена да се врати во куќата на нејзините родители. Таму Талибанците ја сретнале и ја одвлекле до планините во близина на нејзиното село Урузган. Следувало тепање и отсекување на носот и ушите. Зетот на Ајша ја држел додека нејзиниот сопруг ја извршувал казната. Таа тогаш се онесвестила од болка и се разбудила гушејќи се од сопствената крв. Ја оставиле да умре во планините.

Некако таа успеала да исползи до куќата на нејзините баби и дедовци кои одбиле да ѝ помогнат. Потоа, ползела до американската воена база, каде ѝ била укажана помош.

Таа избега од Авганистан како бегалец, и ја посвои еден пар - маж Авганистан и неговата сопруга, Американка.
Биби Ајша сега живее во Мериленд и со нивна помош поминала низ 12 реконструктивни операции.

Вака изгледа денес:

извор;zena.blic.rs

„Ова е вашиот последен ден на улица“: Исповед на Авганистанка за ужасното однесување на Талибанците кон жените