Како грипот е поврзан со инфарктот? Првата недела е најопасна

Добивај вести на Viber

Грипот е поврзан и со инфарктот. Истражување покажало дека луѓето болни од грип, се изложени во првата недела од болеста на шест пати поголем ризик од срцев удар. Овој ризик е особено зголемен кај возрасни луѓе, истакнуваат авторите на истражувањето објавено во "Њу Ингланд џурнал оф медисин". 

Ова истражување ги потврдува претходните кои ја покажуваат врската меѓу грипот, инфаркт и зголемената смртност. "Овие резултати се важни, бидејќи го потврдуваат постоењето на врска помеѓу грипот и инфарктот на миокардот и го зајакнуваат значењето на вакцинацијата против грип", вели Џеф Квон од Институтот за хемиски науки и јавно здравје во Онтарио, Канада. 

Студијата се базира на речиси 20.000 лабораториски потврдени случаи на грип помеѓу 2009 и 2014 година. Меѓу нив, 332 биле хоспитализирани со срцев удар истата година. Ризикот е поголем во текот на првите седум дена по инфекцијата, особено ако е за стари лица инфицирани со вирусот на инфлуенца тип Б, како и оние кои немаат срцев удар. Респираторните инфекции исто така го зголемуваат ризикот од срцев удар, но не во истиот степен како и грипот.