Како и цел обичен свет - вака изгледа Ангела Меркел во костим за капење: Фотографии кои ја обиколија планетата со брзината на светлината

фото:Profimedia

Таа е една од најмоќните жени на планетата која сме навикнати да ја гледаме само во деловни одела и на службена должност. Но, што се случува кога папараците ќе ја фатат на плажа? Па, се знае - светска ексклузива.

Ангела Меркел (68), која Германците до неодамна ја нарекуваа „мама“, а остатокот од светот „европска кралица“, секогаш сме навикнати да ја гледаме во едноставни модни комбинации кои доликуваат на жена на нејзина возраст и титулата што ја имаше до пред нешто повеќе од половина година - германската канцеларка.

Германците ја нарекуваат МАМА, живее во изнајмен стан: Факти за Ангела Меркел

Но, и таа секако има право на одмор. Така, пред неколку години таа беше фотографирана на плажа во костим за капење. Ретки се приликите кога сме ја гледале во нешто полежерно, а камоли во костим за капење, па фотографиите од првата жена од Германија ја обиколија планетата со брзина на светлината.


фото:Profimedia


фото:Profimedia

Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на Универзитетот во Берлин. Не сака публицитет и не се појави ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година. Сака опера и пешачење, а зема евтини летови дури и кога му дозволуваа да патува со Анџела со службени авиони. Поради неговиот интерес за операта, а и недостигот од неа за јавноста, Германците го нарекуваат „Фантомот од операта“.

Се зборува дека живеат под кирија, а времето најчесто го поминуваат во читање или готвење.

Ангела Меркел ја напушти политиката на 8 декември 2021 година.

Во галеријата подолу погледнете како изгледа поранешната канцеларка во костим за капење кој одлично ѝ прилега на фигурата:

извор:stil.kurir
ГАЛЕРИЈА: