Како изгледа кога најголемите македонски ѕвезди ќе се соберат на едно место: На вкусно кафе со пријателите

Фронтменот на една од најпознатите музички групи кај нас Пере од Нокаут на својот Инстаграм профил сподели интересна и неочекувана фотографија од Каролина и Владо Јаневски.

„Драга фотографија, на вкусно кафе со колегите... Би било и фантастично да се дружиме Нокаут, Каролина & Владо Јаневски (Unplugged) на заеднички концерт“, напиша во описот на фотографијата Пере. Дали оваа фотка најавува заеднички концерт или тој сподели само драг миг останува да видиме.

Инаку, Владо Јаневски остана доследен на својот елегантен стил и за таа прилика одбра сина кошула и сини панталони кои ги искомбинира со кафеав ремен и вратоврска кои одлично се вклопуваат во целиот негов стајлинг. Додека, македонската дива Каролина се одлучила за фустан во зелана боја кој е ин сезонава, со дезен кој не остана не забележен.

Пере од Нокаут, пак во негов стил носи маичка на куси ракави со интересен принт. И тројцата пејачи носат интересни модели на наочари за сонце со кои го заокружиле својот изглед.


Фото: Инстаграм/Пере Нокаут/Владо Јаневски

Конечно се одлучи за повеќе интимни моменти со сопругот: Каролина Гочева сподели фотографии од одморот во Турција