Ако е ваква навистина без фотошоп, тогаш секоја чест: Папараците ја уловија Ким Кардашијан на снимање

Таа ја искористи природната убавина на овој остров за да сними реклама за нејзиниот бренд

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) ужива на Бахамите со своето ново момче, комичарот Пит Дејвидсон (28).

Таа ја искористи природната убавина на овој остров за да сними реклама за нејзиниот бренд.

Ким им позираше на фотографите на песочна плажа во навидум природна облека, со мокра коса и пристојна шминка. Во тесна сина маичка комплетирана со долна облека во иста боја ги истакна своите познати облини и фигура. 

Сепак, папараците не губат време, па направија неколку фотографии „зад сцената“ од новата кампања. Така, целиот свет има можност да види како изгледа Ким без филтри и фотошоп, кои се составен дел од сите нејзини кампањи. 

Да потсетиме, младиот комичар Пит е првиот партнер на Кардашијан со кој се појави во јавноста откако минатата година поднесе барање за развод од раперот Канје Вест (44).


Фото: Профимедиа/ Mega Agency

Доживеа тешка трагедија, сакаше да се убие поради Аријана Гранде: Сѐ за официјално новото момче на Ким Кардашијан