КАКО ЌЕ ВЛИЈАЕ ОМИКРОН КАЈ ДЕЦАТА: Нова непознатица, но и нова потенцијална опасност

Добивај вести на Viber

Новиот сој повеќе денови предизвикува стра , а алармот е вклучен за целата светска популација, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски специјалист педијатар, кој смета дека во периодов што следува сите прашања поврзани со Омикрон треба да се постојана тема на здравствените власти, со цел да се заштитиме правилно и да не се создаде паника во нашата популација .

-Ова е уште една нова непознаница, но и нова потенцијална  опасност . Во секој случај, треба да сме внимателни и како држава, а и како здравствен систем кој секако е оптеретен и досега и ќе треба и нови подготовки за евентуална криза со новата супермутација на корона вирусот. Досегашните искуства со Ковид 19 кај децата ни покажаа доста олеснувачки моменти дека вирусот кај децата не прави големи компликаци. Нормално дека имаше и деца со потешки клинички слики, но за среќа без летален исход , а тоа е и еден поттик родителите постојано да работат како на имунитетот на децата, така и на нивна едукација во врска со вирусот и здравите навики како да се заштитат од самиот вирус, вели д-р Андоновски.

Во донос на симтомите, тој повтори дека како најчести симптоми за ковид 19 кај децата се појава на температура од 37,4-37, 7 С. Сува надразнителна кашлица , можни болки во стомакот и појава на дијареа, што генерално би биле истите и при зараза со новиот сој.

-Секако препорачано е да не се губи време и да се направи брзо тестирање антигенско или ПЦР во тек на 48 часа како не би се дало можност да контаминирано засегнато дете биде во одредена средина и не биде вектор на пренос. Зависно од клиничката слика таков е и текот на лекување и третирање на самиот вирус, обично кај децата кои имаат доста асимтоматски  тек на болеста не се препорачува злоупотребна на антибиотици  освен ако вирусот не предизвика појава на белодробна пневмонија.  Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк