Како со само една реченица да го смирите нападот на бес кај детето: Златен совет од психолог кој секој родител треба да го знае

Добивај вести на Viber

Психолог и татко на шест деца нуди едноставни совети како да го запрете хистеричниот испад кај вашето дете за неколку секунди.

Децата се целосно непредвидливи, а нивното однесување може да зависи од голем број влијанија, нивното расположение и слично - што е речиси невозможно понекогаш да се контролира.

Иако веќе некое време се забавуваат со играчка - следниот момент стануваат немирни, скокаат, врескаат, плачат... Причината може да биде сѐ - од тоа што им е досадна играчката, што ја скршиле или едноставно не им се допаѓа ако им обрнувате премногу внимание или ако нешто во тој момент сте им забраниле.

Психологот и татко на шест деца д-р Џастин Коулсон има ефикасен начин да го смири детето кое доживува бес. Тој за Nine's Parental Guidance рече дека е важно да ги признаете емоциите на вашето дете во тие моменти.

- Родителите често го прескокнуваат дисциплинирањето на детето или бараат од него да престане или да се смири со надеж дека детето ќе ги послуша и ќе замолчи, но тоа никој не сака да го слушне, дури ни возрасните кога се вознемирени, изјави д-р Коулсон.

Затоа им предлага на родителите да ги препознаат емоциите на детето и нивните причини и на тој начин да му помогнат на малечкото да се саморегулира со чувствата и да се смири.

-Ако можете да именувате нешто, тогаш можете и да го скротите, додава тој.

Според психологот, овој процес се нарекува емоционално учење и им помага на децата да ги разберат различните емоции што ги доживуваат, зошто се појавуваат и како да се справат со нив.

- Замислете дека нешто ве вознемирува и партнерот ви вели да се смирите, а вие зовривате од лутина. Веројатно ќе се налутите уште повеќе. Ако некој треба да се смири, тогаш прво наведете ги емоциите што ги чувствува. На тој начин тој ќе се чувствува разбран и сигурно ќе може самиот да почне да ја скротува таа емоција. Реалноста е дека животот е неправеден, но родителите имаат обврска да ги научат децата на општествено прифатливо однесување, рече докторот, според чие мислење најголема човечка потреба не е да бидеш сакан, туку да бидеш разбран.


Фото: фреепик

Извор: Стилкурир

Д-р Светомир Бојанин, детски психијатар: Како создаваме синови кои се осмелуваат да ја удрат мајка си