Како во старите добри времиња: Супермоделот од 90-тите Синди Крафорд облече бикини и го урна Интернетот

Познатата манекенка Синди Крафорд неодамна на Инстаграм покажа како изгледа во костим за капење и крена нова бура, исто како во старите добри времиња.

Прекрасната Синди Крафорд позираше во едноставен црн костим за капење, покажувајќи ја својата затегната фигура. Што велат нејзините следбеници и пријатели? „Секогаш беспрекорна“, „Најубавата жена на светот“, „Синди, ти си брилијантна“, „Сè уште најубавата жена на планетата“, „Зачудувачки“.

На фотографијата се огласи и нејзината ќерка моделот Каја Гербер која накратко напиша: „Жешка“. Актерката Лиза Рина и многу, многу други, меѓу 60.000 на кои им се допадна, беа воодушевени.


Па, што прави Синди за да изгледа вака? Познатата манекенка се труди да се храни здраво, 80 проценти од времето. Избегнува строги диети и рафинирани житарки, но затоа предлага секој ден да јадете салата и да пиете по една шолја зелен чај, како и да го намалите внесот на шеќер на минимум. Сепак, таа повремено јаде по една топка сладолед, додека - интересно - секој ден јаде чоколадо. Очигледно, ова се поздрави верзии на овој деликатес.

Синди внимава што и колку јаде, а избегнува да грицка меѓу оброци или пред телевизор, но затоа појадува веднаш штом ќе стане. Во неколку интервјуа истакнала дека не е љубител на месо и лесно може да биде вегетаријанец.

Модната ѕвезда тренира од 20-годишна возраст. Утрото обично го започнува со 10 минути медитација во џакузи. Потоа следуваат 20 минути кардио тренинг во домашната теретана, потоа 10 минути скокање на трамболина и 10 минути трчање по угорница. Често вози велосипед или планинари, а оди на прошетка барем еднаш неделно, пишува Рејчел Атард на својот блог.


Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Владееја со светот на модата, не стануваа од кревет за 10.000 долари: Четирите најпознати суперманекенки-некогаш и сега