Каков бенефит имаат добитниците на Оскар од наградата?

Јавните личности кои добиле Оскар се почитувани. Меѓутоа, каква корист имаат корисниците од оваа награда? Добитниците на Оскар, добиваат златна статуа, но таа не вреди многу. 

Академијата на филмски уметности им забранува на добитниците и нивните фамилии да ја продадат статуата, доколку претходно ја немат понудено на Академијата, за која може да добијат 10 долари. Старите статии биле продавани за многу пари, така за Оскарот за филмот „Однесено од виорот“, Мајкл Џексон искеширал 1,54 милиони долари. Од 2010 година имињата на добитниците се гравираат пред доделувањата. Порано тоа не било така, па добитниците морале повторно да доаѓаат во Академијата за да им се гравира името на трофејот. Најзначајна добивка на Оскарите се финансиите и се гледа во зголемување на платите, која на актерите им носи до 3,9 милиони долари поголема плата, а на актерките и до 500 000 долари.