Каков костум! Александра Пријовиќ докажа дека е стилска икона
Елегантниот
костум на Александра Пријовиќ е вистинско уживање за модните познавачи.
Александра Пријовиќ важи за дама со префинет моден вкус и беспрекорен стил, кој гордо го покажува каде и да се појави.
Имено, таа на неодамна одржаниот концерт во Ниш многумина остави без здив, а скапиот костум на Александра Пријовиќ го привлече вниманието на понежниот пол.
Атрактивната пејачка за оваа пригода избра женствен костум од модната куќа Версаче, кој се состои од волнен блејзер кој чини неверојатни 1.990 евра и волнени панталони кои чинат 750 евра.
Споменатата
креација е во розова боја, а целиот стајлинг го заокружила со ефектна огрлица.
Правата фенирана коса, ефикасната шминка која ги истакнува очите и карминот ја направија нејзината убавина да
дојде до израз.
Костимот на Александра Пријовиќ е вистинско уживање за модните познавачи, а воодушевувањето не го криеја ниту нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, кои имаа само пофални зборови за нејзиниот совршен стајлинг.
Фото:Извор: Gloria.rs