Каква чест: Македонскиот фризер и шминкер Марјан Петров ја подготви Томашевиќ за концертот со Андреа Бочели во Абу Даби
Македонскиот шминкер и стилист за коса Марјан Петров од Струмица ја имаше честа да ја среди српската пејачка Јелена Томашевиќ за нејзиниот настап во Абу Даби на концертот на најпознатиот светски тенор Андреа Бочели.
Томашевиќ настапи пред полна „Етихад“ арена, пред повеќе од 20.000 луѓе, а за концертот се подготвуваше повеќе време каде се појави во посебен фустан кој одговараше на пригодата.
Во светкав фустан со сирена крој, кој ја следеше линијата на телото, Јелена блескаше и не ја симнуваше насмевката од лицето цела вечер, а нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ ѝ беше најголем поддржувач. Додека за нејзината шминка и фризура пак, се погрижи нашиот Марјан Петров кој за Женски магазин изјави дека можноста да ја подготви Томашевиќ за овој голем настан се случила неочекувано, а таму тој се запознал и со Андреа Бочели и неговата сопруга.
- Сѐ се случи неочекувано, пред една недела во Струмица кога Јелена Томашевиќ имаше концерт и организаторите на концертот ме препорачале мене да ја средам за истиот. Тогаш се запознавме и низ муабет стана збор за мојот одмор во Дубаи и за нејзиниот настап со Андра Бочели во Абу Даби.
Јелена и Иван Босиљчиќ се многу внимателни и добри луѓе, кои ми организираа сѐ за да бидам дел од тој спектакл.
Го запознав и Андреа Бочели и неговата сопруга кои се исто така многу добри луѓе. Концертот беше на многу високо ниво, а Јелена со оркестарот РТС беа гости на тој концерт - изјави Петров директно од Абу Даби за Женски магазин.
Инаку шминкерот и стилист за коса Марјан Петров од Струмица има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници.
Додека пак соработката меѓу познатиот маестро Андреа и српската уметница Јелена започна за време на неговиот концерт во Белград во рамките на „Ривер фест“ во јули годинава, а синоќа во Абу Даби пред посетителите беа изведени познати арии од Бочели, а Јелена со него ја отпеа неговата најпозната песна „Вива пер леи“.
После тоа, таа сама ја испеа познатата песна на Витни Хјустон „I will always love you“. И иако ова е една од најголемите арени во Европа, сите места беа пополнети, а фактот што просечната цена на билетот беше околу 500 евра не ги спречи љубителите на добриот звук да уживаат во оваа спектакуларна ноќ.
*Р.Ж.М