Запознајте ја Симона Аврамова - Македонката која беше задолжена за косата и шминката на Лео Меси за историската фотка која го обиколи светот
Пред два дена, светот го обиколи фотографијата од двете најголеми фудбалски живи легенди - Кристијано Роналдо и Лео Меси, фотографирани за луксузната француска модна куќа „Луи Витон“, во чест на долгата традиција на изработка на ковчези за најпосакуваните спортски трофеи во светот, со што модната куќа ги слави двајца од најталентираните фудбалери во светот денес.
Двајцата најголеми ривали во фудбалот седнаа на иста маса, односно „Луи витон“ куфер, и одиграа партија шах, порачувајќи дека „победата е состојба на умот“. А фотографијата за рекордно време собра над 38 милиони лајкови на профилот на Роналдо и над 29 милиони лајкови на профилот на Лео Меси.
Но, она што малкумина го знаат е дека за потребите на оваа, како што веќе се прогласи, историска фотка, Македонката Симона Аврамова беше задолжена за фризурата и шминката на аргентинскиот фудбалер Лео Меси.
Симона е професионална шминкерка и фризерка која долги години живее на релација Барселона - Париз.
Според објавите на нејзиниот Инстаграм профил, јасно е дека Аврамова веќе долго време соработува со Меси и го подготвува за фотосесии и реклами, но, работи и со многу други познати личности и за познати едиторијали.
Аврамова е многу убава млада девојка и вистинска уметница.
А од она што го забележавме од нејзиниот приватен профил е дека покрај тоа што шминка, Симона исто така пее многу убаво, но само понекогаш, како што вели таа.