Утринско кафе со Марјан Петров: Mе мотивира довербата која ми ја препуштаат познатите македонски и регионални ѕвезди

Добивај вести на Viber

Денот ми започнува така што се будам и го подготвувам моето прво утринско кафе и свежо цедениот портокал. Кафето секогаш го пијам сам на балконот и ги разгледувам закажаните термини за шминка и фризура за претстојниот ден.


Ме мотивираат позитивните коментари од задоволни клиентки и особено позитивните коментари од нови клиентки коишто за прв пат доаѓаат. Но, секако морам да истакнам дека ме мотивира и довербата која ми ја препуштаат познатите македонски и регионални ѕвезди и ме исполнува тоа што со задоволство се враќаат во моето студио за шминка и фризура, „Hair studio Magic“ во Струмица.

Би истакнал мал дел од нив - Слаџа Алегро, девојките од „Hurricane“, Јелена Розга, Милица Павловиќ, Катарина Грујиќ и многу други. 


Бидејќи моите дневни обврски почнуваат од рано наутро па сѐ до 18, 19 часот кога завршувам со работа - тогаш одам во теретана, да се посветам на себе.



Слободното време го поминувам со пријателите или со фамилијата, а со оглед на моите многубројни дневни обврски, најмногу ме релаксира гледањето филмови.


* Марјан Петров - стилист за коса и мејкап артист