Какви се хороскопските знаци на летување

Добивај вести на Viber

Се наоѓаме во екот на летната туристичка сезона. Некои веќе поминале на редот, а некои се прашуваат каде да ги поминат долгоочекуваните 10 дена. Во прилогот кој следи, според астропсихолошкои профли на зодојачките знаци понудени се неколку идеални места за секој од знаците. Можеби толкувањето нема многу да ви помогне, бидејќи главната одлука паѓа на длабината на џебот, но сигурно е дека добро ќе се забавувате.

Овен
Вашето идеално место за годишен одмор мора да ви овозможува различни видови на забава. Вие би уживале во спортските натпревари или посета на зоолошка градина, но ни едно ни друго не можете да го замислите без вашите деца. Исто така сакате возење со велосипед, но и места во дивината која малку се посетени од страна на туристите. Иако понекогаш ја сакате опасноста и докажувањето, нема причина на одмор да го загрозувате својот живот, ниту да го расипете одморот на најблиските.

Бик
За вас одморот треба да биде вистинско излегување. Пространите зелени ливади ќе му годат на вашето око најмногу од се. На одмор секако понесете го и приборот за сликање. И пустината на некој начин ве фасцинира. Секако таму не сакате да живете, но затоа секако би сакале да го доживеете тоа искуство. Во секој случај патувањето треба да биде лежерно, со полна корпа јадење кое сами сте го спремиле. Ако сепак појдете во ресторан и храната не е по ваш вкус, веќе никогаш во него нема да се вратите, макар сте уплатиле полн пансион.

Близнаци
Климата за вас е важна одредница на дестинацијата за годишниот одмор. Вие сакате се што е брзо, па затоа секогаш преферирате авион како превозно сретство отколку возење со автомобил, на тој начин забавата ќе почне порано, што за вашата нестрплива природа e многу важно. Вас не ве држи место, освен ако не најдете луѓе кои се вклопуваат во вашата концепција за одмор. Во тој случај околината станува неважна, а вие сте окупирани со собирање на e-mail адреси од луѓето на кои сакате да се сеќавате.

Рак
Вие сакате да се одмарате таму каде можете да ловите риби, во река, езеро или на море. Бидејќи додека патувате сакате се да биде како дома, често се одлучувате за купување на приколка, за да можете да понесете од дома се што ви е потребно. Вие уживате во прекрасните планински водопади кои пленат со својата снага и движење до таа мерка што ќе им се приближите до опасна близина само таквата глетка да ја овековечите со фотоапарат. 

Лав
Вие уживате во патувањата кои ви пружаат нови сознанија, исто така сакте патувања заради занимавање со спорт, но и патувања заради лично задоволство. Ако сте помалку активен Лав, може да одлучите, одморот да го поминете на домашниот кауч, дремејќи. За поактивните Лавови изборот ќе падне на планинските предели, на недопрена природа или на во некое монденско летувалиште на море. Немате против и ако одморот го поминете на некој семинар.

Девица
За вас патувањето претставува споредна работа која ја сфаќате повеќе сериозно, отколку за одмор. И на службените патувања умеете да се релаксирате обиколувајќи го градот со водич или посетувајќи некој концерт. Кога планирате вистински одмор тоа мора да биде осмислено и внимателно одбрано. Многу Девици тврдоглаво одат постојано на исто место кое еднаш им се допаднало, заборавајќи дека може и нешто друго да им се допадне или дека вреди да пробаат. Бањските лекувалишта спаѓаат во омилените места за одмор на Девиците..

Вага
Вие сакате одморот да го поминете во одбрано друштво на проверени пријатели. Вие повеќе сакате да одите почесто на пократки патувања, отколку да чекате долго време, да штедите и планирате едно подолго патување или летување. Вие сакате полна програма на забава, но со многу лежерност. Отседнувате во луксузни хотели, а се храните во ресторани каде послужуваат на паници од порцелан и сребро. Купувањето во ексклузивните дуќани исто така спаѓа во вашата програма за годишниот одмор, па затоа ги одбирате местата кои ги овозможуваат сите овие задоволства одеднаш.

Скорпија
Вие не се грижите многу за одморот и често го поминувате дома, работејќи ги работите за кои преку годината сте немале време или прифаќате вонредни работи кои не можете да ги работите во текот на годината, така што не дозволувате себеси потполно да се опуштите. Сепак вие сакате лов и риболов, но ретко себеси си овозможувате да се препуштите на овие видови забава. Ако сепак успеете да се одвоите од дома за време на одморот, вистинска инспирација ќе најдете на брегот на морето или во бујните шуми.

Стрелец
Вие вистински уживате во патувањата и одморот. Вие навистина глупо се чувствувате ако не можите да патувате. Сакате да одите на оние места на кои можете нешто да видите, поточно да лутате од место до место. Најмногу сакате да патувате сами затоа што само така можете да одлучувате колку каде сакате да се задржите, што вас ви е многу важно како личност која ја цени слободата на изборот пред се. Во секое место кое што го посетувате вие сакате да се распрашате за се и дознаете што повеќе за локалните обичаи, приредбите и сместувањето.

Јарец
Вие за одмор бирате мета покрај вода, но тие мора да бидат умерено ладни. Понекогаш се одлучувате за одмор на планина, но ако сте опремени со целата потребна опрема за планинарење. Често ги комбинирате деловните патувања со задоволството, така што многу ретко патувате од чисто задоволство; обврските премногу ве притискаат и никогаш од не можете да се ослободите лесно. Ако не заборавите во потполност на работата тешко ќе успеете да се релаксирате.

Водолија
Лесно може да се случи одморот да го поминете низ дома средувајќи ја куќата и придружните простории. Меѓутоа ако сепак се одлучите за патување односно летување, тоа ќе биде некое место покрај море. Тоа не значи дека на едно место ќе се задржите долго време, затоа што вие сакате да ја задоволите вашата љубопитност и да појдете секаде по малку. Ништо не сакате да пропуштите. Освен тоа вие сакате да доживеете најразлични искуства и да сознаете што е можно повеќе. Сакате да патувате со авион.

Риби
Одмор во природа, будење со кукуригање на петли и заспивање со цвркотот на птиците, тоа е идеален одмор за Рибите. Вие уживате да го гледате залезот на сонцето зад пурпурните планински врвови или да се возите со кану низ брзита планински реки. Вие уживате да собирате разни сувенируи од патувањата. Штета е што себеси често си ги ускратувате патувањата и летувањата заради чувството на должност кое ве задржува дома или на работа. Заради тоа вашите патувања не се планирани, туку почесто се резултата на околностите кои не се под ваша контрола.