Какви се жените според хороскопот во кревет: Овие 3 знака се „жив оган“
Сите знаат дека Скорпијата е хороскопскиот знак кој е најдобар во кревет врз основа на неговите основни карактеристики. Но, таа не е совршена. Можеби некому повеќе и одговара Водолија, која сака да експериментира, некој пак сака провокативни жени кои имаат беспрекорна фантазија како Овенот... Најдобар хороскопски знак во кревет е оној кој најмногу ви одговара, но сепак овие три се „жив оган“.
Овен
Жените во овој знак директно провоцираат. Немојте да и дозволите да ја води играта. Бидете малку погруби од вообичаено со неа, бидејќи таа сака секс полн со емции и страст. Но тие не се љубители на експерименти и не се егзибиционисти, иако не би им пречело ниту таков вид на игра. Не сакаат кога сексот трае предолго, бидејќи по природа се нетрпеливи. Но затоа може да е во повеќе епизоди. Кога ќе го добијат тоа што го сакаат, без проблем стануваат од кревет.
Бик
Жените Бикови се емотивни по природа, па мора да бидете нежни додека ги освојувате. Погледнете ги, дајте им комплименти и не брзајте да ги одведете во кревет. Но, она што е добор е дека тие скааат долго да водат љубов. Во овој случај со жена Бик, нема брзање. Мора да го знаете редоследот - сака заведување и долга предигра. А после сексот ќе сака да се гали уште неколку минути.
Близнаци
Со жена родена во овој знак, можете да водите љубов каде сакате - преку телефон, во автомобил, па дури и во тоалет. Таа не се „пали“ наскапи подароци, ќе треба да смислите добра приказна за неа. Таа ќе биде со вас само додека и сте интересни. Започнете со нежни зборови, но завршете со секси приказни. Предупредување: големи се шансите да го изгуби интересот после сексот.
Рак
Жените Ракови се опуштени, сакаат да се однесуваат незаштитено и бараат цврст доказ за љубовта. Ова е проблем ако сакате да и понудите само секс. Дури и ако успеете брзо да ја заведете, треба да знаете дека влегувате во врска. Запомнете дека не треба ни да се обидувате да и понудите сексуална игра на јавно место, бидејќи таа веднаш ќе ве остави.
Лав
Најмногу ќе ве измачува лавицата. По многу обиди нема да добиете ништо само џабе се залажувате. Правилото е дека вие инвестирате - тие добиваат, а не обратно. Што значи дека флертувањето започнува со комплименти за нејзината убавина. Потоа, откако ќе ве измери од глава до пети, ќе ви каже каква е нејзината проценка. Ако успеете да го добиете тоа од неа, ќе уживате во маратонски секс.
Девица
За една Девица ќе ви треба најмногу трпение. Најдете начин да ја заинтересирате без да се преправате дека е недостижна. И уште нешто - мора строго да се грижите за хигиената и да не помислувате да ја допрете доколку не сте се туширале. Девиците сакаат чист секс, па тешко дека ќе ги исполнат вашите еротски фантазии.
Вага
Вагите сакаат додворување, подароци, скапи ресторани. Таа ќе се согласи на секс, но немојте да мислите дека ќе добиете еротски игри во кои можете да бидете груби или перверзни со неа. Таа нема да бара од вас длабока врска, но сака да се чувствува почитувано и разгалено, дури и во кревет.
Шкорпија
Внимавај! Кога станува збор за секс со Скорпија, бидете подготвени да дадете се од себе. Тоа се жени кои сакаат да се караат, а потоа да останат во кревет. Тие се возбудени од драматични ситуации, па ако сте нежни и внимателни, вашите шанси се речиси невозможни. Нема потреба од преговори и покани, жените Шкорпија сами ќе ве одведат во кревет, само треба да сакаат.
Стрелец
Жената Стрелец сака див секс, ризик и невозможни ситуации. Предизвикот за неа е она што е незамисливо за сите други жени. Можете отворено да разговарате со неа за сексот, а ако сака да ужива во него, таа едноставно ќе каже. Лесно ќе се согласите да водите љубов во парк, на јавно место, во лифт, во секое време.
Јарец
Жените родени во овој знак бараат заштита и наклонетост исклучиво за нив, како во животот, така и во сексот. Тие се срамежливи, но штом малку ја охрабрите и ја заслужите нејзината доверба - патот до спалната соба е загарантиран. Задолжително исполнувајте и ги желбите во креветот, бидејќи само така ќе ја вратите „милоста“.
Водолија
Водолијата сака да и пристапите на необичен и оригинален начин. Таа точно знае што сака, а во кревет веднаш презема иницијатива. Таа нема длабоки емоции, па затоа сè е забавно. Најдобро е да го побарате тоа што го сакате, директно и безобразно, доколку сакате да го добиете. Но, немојте да се изненадите ако имате непристојна понуда придружена со секси помагала и играчки.
Риби
Жените Риби се пречувствителни, поради што сакаат долга предигра. Со неа никогаш не знаете што ве чека, но сексот никогаш нема да ви биде досаден. Бидејќи по природа сакаат да фантазираат, замислете колку можат да бидат креативни во кревет. Ако го пронајдете вистинскиот пат, од неа ќе добиете буквално се, вклучувајќи ја и вашата најголема еротска желба.