КАМПАЊА НА ЗЛАТЕН ДАБ : Со шишиња без етикета во борба против предрасуди и дискриминација
Во светски рамки, а и кај нас секогаш актуелна тема е половата дискриминација и насилството врз жените. Хелсиншкиот комитет неодамна иницираше за измени на Законот за работни односи во насока на подобрување на позицијата на жената-работничка и постигнување на родова рамноправност, проблем кој е исклучително чуствителен за самохраните мајки.
Токму една таква акција, за отфрлање на дискриминација од секаков вид, организира Прилепска Пиварница и нејзиниот најпопуларен пивски бренд „Златен Даб“. Кампањата е наречена „Без предрасуди, без етикети“.
Од секое купено шише од половина литар без етикета, ќе се издвојуваат по 5 денари за фондот за донации на Прилепска Пиварница, а средствата од фондот ќе бидат донирани во хумани цели.- инсерт од рекламниот спот
Пиварницата пушти во употреба лимитирана серија шишиња „Златен Даб“ од 0,5 л. без етикета, а како знак на поддршка за различностите и ослободување од предрасудите.
Од секое купено шише од половина литар без етикета, ќе се издвојуваат по 5 денари за фондот за донации на Прилепска Пиварница, а средствата од фондот ќе бидат донирани во хумани цели. Со оваа несекојдневна акција, директно се пренесува пораката „Без предрасуди, без етикети“ и се повикува на прифаќање на различностите, ослободување од стереотипите и отфрлање на дискриминацијата од секаков вид.
По повод осми март, меѓународниот Ден на жената, комисијата за заштита од дискриминација изрази загриженост за високиот степен на дискриминација во областа на вработувањето и работните односи. Според нив, дискриминација се изразува преку пониските плати на жените, нивниот помал процент на раководни и подобро платени работни места.
„ Комисијата е загрижена и за статусот на бремените жени, мајките, самохраните мајки и мајките на децата со попреченост како на работните места, така и во останатите области на општественото живеење“ изјавија од КЗД.
Од Прилепска пиварница се надеваат дека токму со акцијата „Без предрасуди“, без етикети, ќе се изгради свет еднаков за сите.
„ Сакаме да ги инспирираме фановите да ја поддржат кампањата со тоа што ќе го побараат „пивото без етикета“ и со тоа симболично ќа ја дадат својата поддршка за градење свет еднаков за сите“, изјавија од пиварницата.
Оваа серија на шишиња е лимитирана и ќе ја има во одредени ланци на маркети во некоколку градови: Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Струмица и Охрид.
Во меѓународни рамки, според податоци од Светската банка во најмалку 15 земји во светот, мажите имаат законско право да им забранат на своите сопруги да се вработат. Според извештајот кој беше составен од 143 земји, 15 од нив, меѓу кои Иран, Сирија, Боливија и Габон, им даваат право на мажите да им забранат на своите сопруги да бараат работа. Дури во 79 држави со закон е пропишано кои работи жените може да ги извршуваат. Најголемите забрани кои се однесуваат на вработување на жената се забележани во Источна Европа и во Централна Азија.
(М.Џ.)