Моден фокус // Стил Профил
Кан: Како изгледаше фустанот вреден повеќе од милион долари?
Дали некогаш сте се запрашале каква комбинација облека вреди повеќе од милион долари?
Модната блогерка Камила Коело го знае одговорот! На Канскиот филмски фестивал, убавата Камила се појави во прекрасен црн фустан од колекцијата Ralph & Russo Haute Couture која ја збогати со скапиот накит на Messika.
Потребни биле повеќе од 500 часа за да се направи овој интересен фустан од кадифе и свила, и тоа не е прв пат Камила да ги носи креациите на овој британски дизајнер, а интересно е тоа што дуото Ралф и Русо најчесто се споменува како потенцијален дизајнер на венчаницата на Меган Маркл!